Жено, додај ми ја скалата

Јуве Стабија е италијански второлигаш кој минатата сезона од трета се пласираше во втора лига. Сега го победиле лидерот на Серија Б Пиза и се на 5-то место. Тифозите сонуваат пласман во Серија А. И палат бакљи од терасите на зградата до стадионот.

Јуве Стабија е клуб од градот Кастеламаре ди Стабија во Кампања, на југот од Италија. Овој град има околу 66.000 жители, а стадионот „Ромео Менти“ собира 12.800 и сонува Серија А.

Го имаат најубавиот навивачки препев на популарната песна „Оставете ме да пејам“ (Lasciatemi cantare)

 

3 октомври 2024 - 13:44