Мајсторијата на Салах кој го распали „Енфилд Роуд“

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах постигна прекрасен гол во триумфот на Ливерпул над Болоња 2:0. Мо стрелаше прецизно во 75-та минута и стана рекордер како најдобар стрелец за англиски клуб во Лига на шампиони со 45 гола. Тој го држи и рекордот за најбрз хет-трик на играч кој влегол од клупа за резерви во Лига на шампиони кога против Ренџерс во 2022-ра за шест минути и 12 секунди даде три комада.

Со 45 гола дадени во Лига на шампиони тој стана и најдобар стрелец од Африка во елитното друштво откако го надмина легендарниот Дидие Дрогба.

3 октомври 2024 - 09:25