Offside

На почеток на доигрувањето за титулата во НБА, Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:105 и поведоа 1-0 во серијата.

Трипл-дабл на Јокиќ за само три четвртини

На секои два дена Денвер има натпревар, на секои два дена Никола Јокиќ лупа трипл-дабл. Ќе го стигне Вестбрук, од тоа нема бегање.

Фрањо од Швајцарија е чудо на Зимските олимписки игри - денес стигна до трето злато

Дваесет и четири годишниот Швајцарец роден во Берн после златниот медал освоен во спуст и во тимска комбинација, сега се качи на највисокото место на подиумот - освои злато и во супер џи на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Изведување кое ја збуни цела НБА

Хјустон Рокетс славеше против Лос Анџелес Клиперс со 102:95. Гостите во еден момент ја изведоа од своја половина и не знаеа кај тераат. Се чудеше и публика и судии и коментатори. Ако се збунивте и вие, ќе сконтате од втора зошто им е одземена топката.

Имане Келиф зборува за „природниот“ машки ген и прифати тестирање на полот за ЛОИ 2028

„Не направив ништо за да го променам начинот на кој природата го направи со мене. Затоа не се плашам. За следните игри ако има потреба ќе се тестирам. Немам проблем со тоа. Не се кријам“.

Капитенот на Барселона Араухо отворено за депресијата: „Ми помогна патот во Ерусалим“

Одличниот одбранбен фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Роланд Араухо си отвори душа и во разговор за Мундо Депортиво раскажа низ што сè минувал во изминатите година ипол. „Анксиозноста ми премина во депресија и така играв“.

Страшниот Вембенјама му даде 37 поени на Лејкерс за едно полувреме

Францускиот џин го водеше Сан Антонио Спарс до петта победа по ред во НБА лигата со што се зацементираа на второ место на Западот. Виктор Вембенјама блескаше во триумфот над ЛА Лејкерс 136:107. Постигна 40 поени со 12 скока за само 27 минути на паркетот. Популарниот Вемби даде дури 37 поени во првиот дел од мечот или 25 поени за 8 минути. Лејкерс беа видно ослабнати без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остон Ривс, Деандре Ејтон и Маркус Смарт.

Мангупскиот гол на Шешко во 96 минута фатен од трибина

Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од четири победи во низа, но барем не загуби и остана четврти подари ремито на Челси против Лидс. Ги спаси Бенџамин Шешко во 96 минута за конечни 1:1 против Вест Хем. Ептен со осет ја одигра. На прва.

Палермо да ви покаже како се организира акцииште во први 10 секунди

Фудбалерите на Палермо се борат за кам бек во Серија А, а ова што го одиграа не сме го виделе ниту од Барселона и Реал Мадрид. Акција во пет потези и голчиште и тоа во првите 10 секунди од средбата против Специја. Махери.

Руни за дечкото со косата: „Би го фрлил негде на крај од земјава, ми досади“

Младиот навивач на Манчестер Јунајтед Франк Илет стигна до 1 милион и 200.000 следбеници на Инстаграм. Лани тој стана познат откако се појави видео на кое тој со долга, пуштена коса рече дека нема да се шиша сè додека Манчестер Јунајтед не победи 5 натпревари по ред. Стигнаа до 4 триумфи во серија во Премиер лига и синоќа пред дуелот против Вест Хем беше спремен за бербер и машинка. Ама Јунајтед едвај извади 1:1 во 90+4' минута до дуелот.

Кол Палмер го има промашувањето на сезоната и тоа за победа во 94-та

Челси одигра само 2:2 против Лидс во 26. коло од Премиер лигата, откако гостите се вратија со два комада за само 6 минути во вториот дел. Домаќините испуштија чисти 3 бода. Кол Палмер имаше нестварно промашување во 94-та минута. За глава се држеа сите.

Докторски изведен пенал на Елмас, Милинковиќ сељачката на сила

Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.

Згрми македонската химна во Италија, Катерина Ацевска освои златен медал во џиу-џицу

Македонската џиу-џицу натпреварувачка, Катерина Ацевска, ја отвори новата сезона на најдобар можен начин, со златен медал на силниот гранпри-турнир „Џенова опен“.

Евроголот на Собослаи од навивачки агол кој не се брише од телефон

Ливерпул прокоцка голема победа против Манчестер Сити откако поведе со голчиште за најавни шпици на 15 минути до крајот на средбата. Пазете ликов од каде успеал да го фати. Нема послатко.

Олимпискиот зимски принц од Норвешка освои и 7-мо злато во кариерата

Неверојатниот Норвежанец Јоханес Хесфлот Клебо победи во денешниот олимписки спринт во скијачко трчање и наскоро би можел да стане најуспешниот зимски олимпиец на сите времиња. 

Злато за чудесната Јапонка со луд скок од 1620 степени

21-годишната Кокомо Мурасе во ноември во Аспен во САД го изведе првиот „бексајд трипл корк 1620' скок кој навистина изгледа чудесно и како да е производ на вештачката интелегенција, но не е.

Карлинг на италијански начин

Карлингот има 100 годишна традиција на олимписките игри, а постојат тврдења дека датира од 16 век. Него нас друго ни е муабетот. Има ли паста во тенџерињата или со празни играат?

Прием и лоб на месецот во Јапонија

Во првото коло од втората лига во Јапонија позната како Ј2 лига, Вегалта го победила Точиги Сити 1-4 а последниот гол за гостите кој го дал Ајуму Фуруја бил маестрален. Прием и лоб врвни.

Ставре Јада ја заврши трката на 89 позиција

Македонија го имаше првиот претставник на Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина. Настапи Ставре Јада во Нордиско скијање (крос-контри). 

Што би маж без жена?

Канадскиот тандем во уметничко лизгање Пајпер Гилес и Пол Пуарје е на трето место после ритам-танцот на Олимписките Игри во Милано и до крајот имаат големи шанси за медал. Но ситуацијата на мразот за нив ќе беше многу посложена да не беше врвната снаодливост и изведба на партнерката која ги спаси двајцата од казнени поени.

Јута Лердам, симбол за убавина на Зимските олимписки игри

Брзо лизгање не е популарен спорт кај нас, ама во Холандија е најпопуларен и од сега ќе почнеме да глумиме Холанѓани. Причината е 27 годишната Јута Лердам, седумкратна светска шампионка, а од сега и олимписка. Има 5,5 милиони следбеници на Инстаграм. Атракција е типката. Џејк Пол вечерал со Господ.

Во Турција го учеа скромниот и срамежлив Канте да урла

Фенербахче го совлада Генчлербирлиги 3-1 и ја продолжи потрагата за лидерот Галатасарај кој на табела им бега 3 бода. Свое деби имаше легендарниот Нголо Канте (34) кој одигра 62 минути. После мечот фудбалерот Исмаил Јуксек и другите соиграчи од Фенербахче тргнаа кон навивачите и го учеа Канте за традиционалното навивање со одбројување 1, 2, 3. Тој кутриот скромен и срамежлив не е за тоа.

Џејк Пол пукаше од емоции за златниот медал на вереницата

Најдобрата холандска лизгачка, Јута Лердам имаше фантастично издание на Зимските олимписки игри откако беше најбрза на 1.000 метри.

Се огласи Линдзи Вон: „Ова не е бајка со среќен крај, туку живот“

Откако ја евакуираа со хеликоптер од патеката по страшниот пад во кој скршила нога, славната американска скијачка била префрлена во локалната болница а потоа преселена во Тревизо каде во понеделникот ја оперирале. Сега се огласи.

Додека да се разбуди човек, Јокиќ пак направил трипл-дабл

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл во трет натпревар по ред. На Оскар Робертсон му избега со два повеќе и сега прашање на време е кога ќе го стигне и Расел Вестбрук на првата позиција.