Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Видео од громот кој усмрти фудбалер во Перу

Језиви сцени доаѓаат од фудбалски натпревар во Јужна Америка кој заврши трагично.

Новинар сафра го удави Рубен Аморим

Најдобриот португалски тренер во моментов, Рубен Аморим (39) во пресрет на мега дуелот Спортинг Лисабон - Манчестер Сити се соочи со она што веќе за неколку дена го чека. Англиските новинари. Знаат да бидат досадни ко крлеж. Аморим потпиша богат договор со Манчестер Јунајтед кој за него плати 11 милиони евра обештетување за да го откупи од Спортинг Лисабон. Аморим уште некој ден ќе биде на клупата на Спортинг а после се префрла во Манчестер.

Меси раскажа како би сакал да го паметат луѓето

Така како што сакаат, вели Лионел откако кажа дека е благодарен на Бога за кариерата каква што ја има и откако освои сè што можеше да освои.

Поплава во домот на Левандовски во Барселона

Невремето кое беснешее во југоисточна Шпанија и кое зема над 200 животи, се префрли и во Барселона, но во поблага форма. Поплави има во градот, на аеродромот, но и во куќата на Роберт Левандовски кој не се појавил на синоќешниот тренинг пред гостувањето против Црвена Ѕвезда.

Балотели после долго време пак заигра во Италија

Марио Балотели пред неколку дена потпиша со Џенова. Се врати во италијанскиот фудбал после 1,701 ден односно 4 години. Влезе од клупата за резерви синоќа на мечот со Парма, одигра 4 минути и доби жолт картон.

Нејмар се врати и цупка

Бразилецот после 1 година пауза поради повреда, операции и опоравок, се врати на фудбалските терени. Во 4. коло од азиската Лига на шампиони Ал-Хилал со хет-трикот на Александар Митровиќ го совлада Ештегал од Иран со 3-0. Немар влезе во игра во 58’ минута од клупата за резерви но излезе во 87-ма минута поради ситна повреда. Се плашеше, избегнуваше контакти што е и нормално после тешко враќање. По мечот изјавил дека докторите му кажале дека се можни ситни повреди додека влезе во форма.

Бекам го објаснува импактот на Меси во Мајами

„Отсекогаш сакав да направам нешто за фудбалот и за Америка која ми даде многу. Лео ни е подарок. Инспирација за младите. Уште сум возбуден кога го гледам како игра. Уште не можам да поверувам дека игра кај нас. Знаев дека ќе биде успешен на терен, но знаев дека ќе ни помага и надвор од него. Затоа беше важно да биде опкружен со правите луѓе како Серџо, Луис и Жорди. Со нив си сигурен дека и семејството му е среќно. Сите елементи се важни кога носите таков играч“.

Јокиќ им ја предвидил акцијата на Минесота, играчите се чудат како е тоа можно

Руди Гобер дава изјава, а Ентони Едвардс го прекинува со муабет за една акција во последната четвртина која сакале да ја направата после тајм аут. „Луда работа. Јокиќ ја знаеше акцијата, а ние ништо не рековме. Ја знаеше акцијата подобро од нас. Треба да покренеме истрага“, вели Гобер после поразот на Минесота од Денвер овој викенд.

Лука Дончиќ го разби Орландо и дофрлал на германски

Дончиќ му ја донесе четврата победа на Далас Маверикс од стартот на сезоната. Овојпат против Орландо Меџик 108-85. Дончиќ имаше 32 поени, 9 скока и 7 асистенции за 31 минута на паркетот. Во противничкиот состав играле германските браќа Мориц и Фриц Вагнер а тие двајца зборувале и со други од Орландо на германски јазик па Лука им одбрусил по некој зезнат муабет на германски во налет на адреналин на паркетот.

Макс Ферстапен направи чудо на трката со поројни дождови во Сао Пауло

Големиот трикратен шампион и најдобар Формула 1 пилот на денешницата, Холанѓанецот Макс Ферстапен направи нов и досега ретко виден подвиг откако на трката за Големата награда на Бразил стартуваше од дури 17-то место а на крајот со страшен пробој на влажната патека Интерлагос стигна до првото место.

Како Џинобили завршува акција на 47 години?

Златната кошаркарска генерација на Аргентина, прослави 20 годишнина од освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Атина. Во полуфинале го елиминираа САД, а во финале Италија. Ману гајле нема под кош и на овие години. Нема коса, ама има муда.

Нова циркузијада во режија на Мурињо кој победи во 102 минута

Фенербахче го доби Трабзонспор на гости со 2:3 во натпревар со два пенали за домаќините и лавина критики на Мурињо за судијата од ВАР собата кој го нарече невидлив човек.

Навивачите на Легија Варшава поставија нов рекорд: запалени 800 бакљи

На убавиот стадион „Маршал Јозеф Пилсудски“ познат и како стадион на полската армија во Варшава, синоќа Легија со 2-1 го совладала Видзев Лоѓ во дербито и тоа со гол во 86’ минута од мечот. Пред натпреварот навивачите на Легија Варшава направија незамисливо пиротехничко шоу со дури 800 запалени бакљи.

Нови чудесни потези на Ламин Јамал

Без да се претера може да се каже дека бисерот на Барселона и европскиот шампион Шпанија Ламин Јамал е нешто најблиску до Меси откако Лионел замина од „Камп Ноу“. Барса сезонава ги меле ривалите во сите натпреварувања, игра најубав фудбал во Европа како некогаш на времето. Во неделата го совладаа градскиот ривал Еспањол 3-1 а Ламин Јамал имаше сјајна асистенција за Олмо.

Сјајното шоу на дербито Пелистер - Вардар

Во Битола синоќа под рефлектори се одигра најголемото македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар. Како ретко кога во претходните две децении пред мечот имаше голем интерес па стадионот „Петар Милошевски“ беше преполн. Дојдоа и Комити кои му дадоа шмек на дербито. Пелистер славеше 1-0 со гол во длабоко судиско продолжение на крај во 90+3’ минута. Мирко Ивановски постигна гол, го прослави со Чкембарите па набрзо доби втор жолт и црвен картон.

Чуму таков потег бе младичу?

Покоен Мутомбо на пример им гестикулираше со прстот, дека нема забивање преку него и по тоа беше препознатлив. Ама ваков непочит не е виден во кошарката. Коментаторите и се чудеја и се смееја.

Асистенција на Јокиќ по која коментаторот го прогласи за најпаметен играч во НБА

27 поени, 16 скокови и 9 асистенции за Никола Јокиќ во третиот сезонски триумф на Денвер Нагетс, овој пат против Јута Џез (129:103). Коментаторот поентираше за интелигенцијата на Јокиќ после ова додавање во негов стил, кое не се гледа секој ден во НБА.

За некои автоголови не постои објаснување

Веројатно ГГ ја имал на ливче или па им кажал на другарите да се обложат дека ќе постигне автогол.

Ненормален кош на Алекса Аврамовиќ во Москва

Кошаркарите на ЦСКА Москва го совладаа Пари Нижњи Новгород 91:65 во 10. коло од регионалната ВТБ лига. Алекса Аврамовиќ кој летово од Партизан замина во ЦСКА Москва постигнал 12 поени со по два скока и асистенции. Дал и еден луд, неверојатен кош од пола терен. Аврамовиќ е прогласен за најдобар играч за месец октомври во ВТБ лигата.

Тренерот на Жирона појасни зошто не му дал на Миовски да го шутира пеналот

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Бојан Миовски беше дел од триумфот на Жирона од 4-3 над Легањес но не постигна ниту еден погодок а немаше ни една асистенција иако 63 минути беше на теренот.

Во наше време се играше во маало стари на млади

Ако си дебел браниш, а сега дебелите 9-ки се на цена. Инаку со пици му е дресот.

Жени, сега е појасно така?

Не за друго, целиот е живот е поедноставен ако го избегнете горниот пример.

НБА ѕвезда преплашена од кловн

ЛаМело Бол е една од најголемите ѕвезди на Шарлот Хорнетс кој во новата сезона има 2 победи и 2 порази. Тој бил преплашен во клупските простории од еден кловн кој соиграчите и луѓето од клубот му го наместиле зад една врата.

Опасно ретро старо 20 години: Адриано и Рекоба, против Пандев и Роки

30 октомври 2004, Лацио - Интер 1:1. Горан е во прв состав на 21 година и игра против Занети, Камбјасо, Станковиќ, Кордоба, негови идни поранешни соиграчи со кои ќе ја освои тројната круна. Во Интер е и Синиша Михајловиќ со тазе направениот трансфер од Лацио. Па уште и Давидс и Верон им се во состав. Какви времиња.