Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Резултатите на сите тренери на Манчестер по заминувањето на Фергусон

И во 1.500 натпревари, Сер Алекс Фергусон е подобар според процентот на победи (59,7) од сите негови наследници, ако го исклучиме Карик кој ги водеше на само три меча. Но со него безпредметно е да се прават споредби бидејќи создаде респектабилен тим со страшни фудбалери во кој секој гледаше со страв и почит. Бренд и гигант со 38 трофеи.

Канте е Французин со јапонска култура

Откако замина од Челси на уште побогата печалба во Саудиска Арабија, Н’Голо Канте не е актуелен како претходно. Но кај него всушност ништо не се сменило. Навивачите на Ал-Итихад фрлаа кеси на терен и додека натпреварот беше во прекин, тој го чистеше теренот.

ЕХФ: Едноставно само Никола Митревски

Еурофарм Пелистер го разби малерот после 20 натпревари во ЛШ или поточно 14 порази лани и 5 порази и едно реми оваа сезона. Ја совлада Фредериција на гости со 23:25, а Никола Митревски ги спобудале Данците со фантастични 15 интервенции од кои 9 во првиот дел. ЕХФ издвои една од пенал, а објави и видео од големото славје на Битолчани.

Луд кош на Дончиќ од соблекувални

Далас Маверикс ноќеска го загуби дербито на Тексас од Хјустон 108:102. Лука Дончиќ уфрли 29 поени со пет скока и две асистенции, а Кајри Ирвинг 28 поени со осум скока и седум асистенции. Кај победникот Џајлен Грин беше најефикасен со дабл-дабл учинок со 23 поени и 12 скока. Дончиќ на загревање пред натпреварот погоди од неверојатен агол и ги запрепасти сите во салата.

Ново фантастично шоу во Аргентина

Гаучосите отсекогаш правеле права фешта, ама сезонава се надминаа себеси. Прво навивачите на Ривер Плејт направија чудесна атмосфера со тони пиротехника, огномети, бакљи. Сега едни други Аргентинци. Синоќа аргентинскиот Расинг Клуб со 2-1 го совлада Коринтијанс во реваншот од полуфинале на Копа Судамерикана и со вкупен резултат 4-3 оди во големото финале по овој вреден трофеј. Прво финале за Расинг после цели 32 години. Навивачите на клубот од Авељанеда направија шоу.

Во градче со 35.000 жители, второлигашот Нирнберг на Куп натпревар отпатува со 10.000 навивачи

Верноста на германските навивачи не познава граници. Нив не ги интересира каде е гостувањето и дали мечот е од Куп, првенство или меѓународен натпревар. Одат цела војска. 10.000 е нормална бројка за гостување во Лига на шампиони во финале, а тие во второ коло од Куп отишле против Хофенхајм и направиле опсада во градот кој брои 35.000 жители. Неверојатно. Инаку Хофенхајм славеше 2:1 и со тоа оди во следна фаза, а тренер на Нирнберг е Мирослав Клосе.

Автогол за кој нема чаре ни со двајца голмани

Јанг Бојс го совлада Базел со 3:2, меч на кој гостите си постигнаа два автогола. Едниот е дело на Мохамед Драгер, кој од желба да ја расчисти во аут, душмански си ја заби во гол.

Де Хеа не им чинеше на Олд Трафорд, а во Фиорентина е јунак

Само пет дена откако му спречи голчиште на Дибала, Давид Де Хеа одновно блесна и ја спаси Фиорентина и тоа во судиско. Хит е Шпанецот во Италија.

Мурињо ни крив ни должен фаулиран на тренинг

Легендарниот португалски тренер кој сега седи на клупата на Фенербахче на својот Инстаграм профил упати порака до младите тренери: „Никогаш немој да носите исти бои како играчите, или ќе ви додадат топка или ќе ве фаулираат“.

Сабаленка од пенал се метнала на Роналдо

Арина Сабаленка уствари е прецизна, ама ја погреши метата. Туниската тенисерка, Унс Џабир направи мајтап од ситуацијата. На фоторепортерката и дофрли да каже дека не е осигурана.

Бербер во Барселона им прави непријатен пречек на муштериите

Место да ги шиша типот, нив коса им се крева само што ќе седнат. Замислете на Комити ова да им го прави некој, ама со дрес на Шкупи? :)

На Местаља се делат пакети со храна, дуелот со Реал и официјално е одложен

Стадионот на Валенсија е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите од страшните поплави кои го погодија југоисточниот дел од Шпанија. Бројот на жртви е скоро 100.

Оригинална прослава на гол каква што немало

Број 10 во екипата обично носи најдобриот техничар, 10-ка е синоним за мајстор во тимот. Така и овој талент од У-20 екипата на Крузеиро во Бразил кој знаеше и како да го прослави одличниот гол. Со вратоврска што ја чувал цело време.

Гол од пола терен ко на тренинг во Данска

На дуел од втората данска лига Емил Фредриксен покажал каков мајстор е. Ја зел топката и од средина на теренот го совладал гостинскиот голман за победа на неговиот Хорсенс 2-1 против Хидовре.

Сте виделе еврогол од голман?

Во раната фаза на холандскиот Куп, Емдајк со 2-1 го совладал ОЈЦ Росмален во дуел не нисколигаши. Гостинскиот голман Ралф Вос во 90+3’ минута го постигнал најубавиот гол на мечот и сигурно најубав голмански полусезонава.

Првите поени на син му на Леброн Џејмс во НБА, публиката го поздрави со овации

ЛА Лакерс изгуби од Кливленд Кавалирс 134-110. Леброн Џејмс имаше 26 поени, 6 скока и 3 асистенции за 29 минути на паркетот а Ентони Дејвис додаде 22 поени со 13 скока. Интересно на овој дуел во салата на Кливленд Кавалирс првите поени во регуларната сезона ги даде и Брони Џејмс кој забележа 2 поени (1/2 од игра), 2 асистенции и една украдена топка за 5 минути на терен. Гледачите во Кливленд, градот во чија близина е роден Леброн кој му донесе титула на овој клуб, го поздравија младиот Брони.

Мусиала го имитира Хари Кејн, Милер му помага

Џамал Мусиала запиша хет-трик на гостувањето против Мајнц во Купот на Германија, потоа ја зема топката и фати да го имитира колегата Хари. Прв за ваков тип на забава е се разбира Томас Милер, кој му дофрла на крај како да заврши.

Фудбал е ова или дочек на нова година?

Во второто полуфинале во Копа Либертадорес, најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка, Пењарол го совлада Ботафого со 3:1, но не оди во финале поради петардата на првиот дуел. Не може да се носат со Аргентинците, кои ја направија најјаката атмосфера во свет, ама и ова не е за потценување.

Најлудиот навивач на Реал Мадрид кој требало да го поштедат од објавување

Колку само трагично си го сфати доделувањето на Златната топка. До тепачка дојде работата.

Какво волејиште на Ди Марија

Аргентинскиот ас Анхел Ди Марија (36) на мечот со Санта Клара од четвртфинале на Куп на Португалија кој Бенфика го доби 3-0 постигна преубав гол. Волејиште!

Миовски го разби малерот во Шпанија и тоа со два комада за 4 минути

Македонскиот центарфор се израдува на првите голови во дресот на Жирона и тоа во вистински момент, на само две недели до следните репрезентативни настапи.

Некои разлики меѓу Модриќ и Винисиус

Одредени лекции на терен мора да се научат, особено кога си на нишан пред цел светски аудиториум, а истовремено во дрес на Реал Мадрид. Лука ти е жив пример. Плус го имаш во соблекувална.

Како Федерер му врати сервис на Родик со 225 км на час?

Четвртфинале на УС опен 2007 меѓу Енди Родек, кој ја заврши кариерата со само еден Гренд слем (УС опен 2003) и кој одигра уште три големи финалиња, сите на Вимблдон и сите со пораз од Федерер. Погледнете ја оваа рутина на Швајцарецот на која и коментаторите се чудеа и се прашуваа дали некој друг му го има направено ова на Американецот.