
Во победата на Милвоки Бакс над Филаделфија '76 126:113 покрај Гркот Антетокумбо, одлични беа и Брук Лопез со 17 поени, Кајл Кузма со 16 поени, Гери Трент и Торијан Принс со по 13, Еј Џеј Грин со 12 поени и Рајан Ролинс со 10 поени.
Кај '76-ките Адема Боне уфрли 28 поени со 6 скока а дабл-дабл имаше Квентин Грајмс со 24 поени и 10 асистенции. Гершон Јабуселе стигна до 22 поени а Џаред Батлер запиша 14 поени.
Милвоки беше апсолутен фаворит на овој натпевар и во моментов е на 5-то место на Истокот со учинок од 42 победи и 34 порази. Од друга страна Филаделфија '76 е една од најслабите екипи сезонава со 23-54.