Џа Морант пак имитираше оружје и даде луд кош со сирената за победа

Мемфис Гризлис и Мајами Хит одиграа најлуд натпревар синоќа во НБА. Двете екипи се менуваа во водство постојано а на крајот во последна секунда долго озборуваниот Џа Морант го реши дуелот со кош од јак степ-бек. 

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

Само неколку часа по скандалозното однесување на средбата Голден Стејт Вориорс - Мемфис Гризлис кога по еден кош имитираше како пука од огнено оружје во клупата на „воините“, а за што во минатото два пати драстично го казнуваа и сега го опоменаа, Морант пак правеше ист гест.

Овојпат против Мајами Хит на гости во нивна сала:

Џа Морант го заврши дуелот како убедливо најефикасен во својот тим со 30 поени, 5 скока и 3 асистенции. Го следеа Дезмонд Бејн со 17 поени, 9 скока и 6 асистенции, Скоти Пипен Џуниор со 17 поени и 7 асистенции како и Џајлен Велс и Џарен Џексон со по 13 поени.

Кај домаќинот Хит, Тајлер Хиро даде 35 поени со 9 скока и 4 асистенции, а Бам Адебајо имаше 26 поени со 7 скока и 5 асистенции.

4 април 2025 - 09:59