Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Леао со болки во пределот на гениталиите

Со двата гола на нивните главни играчи Ромелу Лукаку и Хвича Кваратцхелија, Наполи со 0-2 го победи Милан на гости и ја продолжи кризата на росонерите кои сега се на осмо место во Серија А со три порази и гол разлика 16:11. Тренерот Фонсека го остави Рафаел Леао на клупата за резерви со што уште еднаш потврди дека не е задоволен од залагањето на Португалецот. А и кога го стави во игра овој не се трудеше премногу и делуваше апатично на теренот. Наводно Барселона сака да го искористи овој конфликт и да го доведе Леао во своите редови, пишува шпански АС.

Тоти не се зафркавал за враќањето во Серија А

Франческо Тоти, иконата на Рома и една од најголемите легенди кои се појавиле на италијанската фудбалска сцена, како да не го држи место, без разлика на годините.

Има ли позиција од каде Лука не може да постигне кош?

Далас Маверикс ја совлада Минесота со 120:114, во реприза на минатогодишното финале од Источната конференција. Кајри Ирвинг постигна 35 поени, а Лука Дончиќ 24. Словенецот погоди само една тројка и тоа на една минута до крајот на мечот за +8, ама спектакуларна од кај логото на паркетот.

Нека прават чаре со Бомбонера зошто отиде јабана

Култниот стадион на Бока Јуниорс, „Ла Бомбонера“ е отворен на 25-ти мај во далечната 1940-та година. Реновиран е неколку пати а последна генералка му правеле во 1995/1996. Има капацитет од 54.000 места. Во последно време излегуваат снимки на кои се гледа како фасадата се рони, стадионот се тресе и не е баш паметно да се продолжи така.

Панчев: Во Вардар се избрани ликови заради нивните докажани знаења од областа на криминалот

„Во соопштението или кој враг беше тоа, има пеколно опасни индиции дека на Вардар уште еднаш му се подготвува нешто гадно. Праварантите лажно се претставиле, ја измамиле кутрата македонска спортска јавност. Сите изјави се давани од неовластени ликови кои ги нема никаде во легалните државни книги во спосокот на Вардар. Го повториле делото измама“, вели легендарниот напаѓач на Вардар

Фото на денот со легендарното трио на Мајами

Уште е хит статуата на Двејн Вејд од Мајами Хит. Прво, деца може да се уплашат. Второ, не можеше полошо да го направат. И самиот кошаркар за себе праша „Кој е овој тип?“

Лудорија од пас на Кампацо што ни камери не го ловат

Елегантниот Јоргос Барцокас успеа да го задржи европскиот шампион Реал Мадрид на само 69 поени и Олимпијакос со постигнати 79 поени славеше многу важен триумф во Евролигата. Главни творци на триумфот на Олимпијакос беа Саша Везенков со 23 поени, осум скока и две асистенции, Шакил МеКисик со 15 поени и девет скока и Томас Вокап со 12 поени и четири асистенции. Кај Реал Мадрид Марио Хезоња даде 15 поени со пет скока и четири асистенции, Габриел Дек додаде 12 поени а Факундо Кампацо имаше седум поени но и 10 асистенции од кои една беше лудорија.

Супер соло продор на 19 годишник на додавање на Елмас и лудачки лоб

Лајпциг го совлада Сент Паули 4:2 и се пласираше во осминафиналето од Купот на Германија. Елиф Елмас доби шанса во 76-та минута и 4 минути подоцна му подаде топка на Антонио Нуса, кој сам дрско и самоуверено ја збриша гостинската одбрана. Додавањето на македонскиот репрезентативец ќе му биде запишано како асистенција. За издвојување е и голчиштето на гостите преку Ерик Смит, кој ги збуни сите.

Надреална атмосфера на Монументал во Буенос Аирес

Она што го прават навивачите на аргентински Ривер Плејт е магично. Таква луда и френетична поддршка нема ниту еден спортски колектив на светот. Во делириум синоќа го започнаа реваншот од полуфинале на Копа Либертадорес против бразилски Атлетико Минеиро. За жал не успеаа да ја надоместат огромната негатива од 0:3 од првиот меч во Бразил и Атлетико оди во големото финале каде ќе има се-бразилски мегдан со Ботафого кој го згроми Пењарол со 5-0.

Кристијано Роналдо промаши пенал и погоди дете со телефон во публика

Најдобриот стрелец во клупски и репрезентативен фудбал во историјата, еден од најголемите на сите времиња кои ја играле оваа игра, и натаму трча по топката во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср.  Синоќа играа во Купот на Саудиска Арабија и изгубија дома против Ал-Тавун 0-1. Роналдо промаши пенал во 90+6’ минута а притоа удри со топка во едно дете во публиката. Виновник беше за поразот на неговиот тим.

Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ каков што 62 години немало во НБА

Денвер Нагетс полека се буди од апатијата во која тимот западна веќе неколку недели. Нагетс ја започнаа сезоната со два воведни порази од Оклахома и ЛА Клиперс, но сега со два триуми го израмнија учинокот на 2-2. Прво го победија Торонто 127:125 а синоќа Бруклин после продолженија 144-129. Се знае кој беше играч број 1 на натпреварот.

Џабе се тепате меѓу Родри и Винисиус, кога вистинскиот трофеј го има Хумелс

Трофејот на 35 годишниот стопер на Рома се вика Никола Каванис, германски модел, инаку 10 години помлада од него. И сега уште сте за Винисиус? Или Каванис?

Немој и ти, Натали

На свечената гала вечер во Париз каде во организација на Франс Фудбал и УЕФА се доделуваа награди за најдобрите во машка и женска конкуренција, познатата холивудска глумица Натали Портман се сликаше со фудбалерите на Барселона и неочекувано покажа четири прста, како алузија на скорешниот триумф на Барселона над Реал во Мадрид.

Кафанско славје за Златната топка на Родри

Еуфорично, со музика и во друштво, асот на Манчестер Сити и Шпанија го прослави освојувањето на Златната топка. Песната им тргна уште во автобус, а во делириум е и келнерот, кој со едната рака свири, а со другата држи ајнцер.

Леброн веројатно го прави ова прв и последен пат во кариерата

Статистичарите во НБА извадија податок дека Леброн Џејмс ноќеска ја имал најлошата шутерска претстава во последните 17 години. Мечот го заврши со вкупно 11 поени, со шут 3/14, а во обид да го избегне поразот од Феникс, намерно го промаши второто слободно фрлање на 6 секунди до крај. Колку само лошо го направи тоа. Феникс Санс - Лос Анџелес Лејкерс, конечни 109:105.

Валканата страна на Винисиус

Многу врева се крена за Златната топка, премногу. Факт е дека Винисиус е играчиште кој не се чува еден на еден и кој реши еден куп важни натпревари на Реал, ама факт е и дека однесувањето му е гнасно и тоа многу често. И тука нема простор за несогласување. Се расправа, се тегне, мава и пцуе кого стигне, плус често провоцира и сè е нешто незадоволен. Далеку е од играч со фер плеј манири. Треба да си ја среди главата и да биде пример, а не да шири хистерија и агресивност на терен. Носи дресови кои тежат (Реал Мадрид и Бразил).

Уникатна компилација со најдобриот голман во светот

Втора година по ред Емилијано Мартинез се искачува на пиедесталот во Париз за да ја прими наградата од Франс Фудбал за најдобар голман во светот. И оваа година беше на тронот со Аргентина како освојувач на Копа Америка и на 5 од 6 меча не прими гол. Со Астон Вила имаше фантастична сезона. Четврто место во Премиер лига, пласман во ЛШ и финале во Конференциска лига.

Главниот уредник на Франс Фудбал објасни зошто Винисиус не зел „Златна Топка“

Во морето дискусии, расправии и убедувања зошто Винисиус Жуниор требал или не требал да добие „Златна топка“ од Франс Фудбал и УЕФА, еден разумен коментар на уредникот на познатиот француски магазин стави крај на дебатата.

Ново Јокиќ шоу со 40 поени, овој пат за победа на Денвер

Само два дена откако постигна 41 поен со рекордни 7 тројки во кариерата, Никола Јокиќ повторно растури, а Денвер Нагетс го забележа првиот триумф на третиот меч од новата НБА сезона.

Ново шоу на навивачите на Ривер Плејт

Ривер Плејт вечерва го чека реваншот од полуфиналето на Копа Либертадорес, најголемиот турнир во Јужна Америка. Во првиот меч изгубија убедливо 3:0 од бразилски Атлетико Минеиро но веруваат „милионерите“ дека на реваншот можат да направат чудо. Синоќа десетици илјади навивачи на Ривер се собрале кај „Монументал“ со цел да ја поддржат и охрабрат екипата пред реваншот со силниот Атлетико Минеиро.

Џенова го претстави Балотели со две видеа, едното со Супер Марио

Лумецане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион, Џенова. 12-ти клуб во пет земји за 34 годишниот Марио Балотели, човекот без недостиг на талент, но со недостиг на мозок. Нека му е со лесно на Џилардино, тренерот на Џенова кој е осум години постар од Марио.

Во целата историја, само двајца играчи од Премиер лига добиле „Златна топка“

Скромниот 28-годишен Шпанец Родри заслужено ја понесе престижната награда за најдобар фудбалер на светот за изминатата сезона 2023/2024.

Касиљас со критички и издржан коментар за Златната топка

„Изненадување е што ја освои Родри. За мене оваа награда е апсурдна и без критериуми. Ако ја даваа на Шпанец, тоа требаше да биде Карвахал. Родри беше повреден повеќе од еден месец. Како можеше во периодот 2008-2012 кога освоивме Светско, да не ја освои ниту еден шпански фудбалер. Тогаш имаше играчи кои ја заслужуваа“, е дел од мислењето на легендарниот голман.

Родри ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, прв Шпанец после 64 години

Како што се најавуваше во последните мигови пред големата свеченост во Париз за првпат организирана заеднички од Франс Фудбал и УЕФА, престижното признание „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот ја доби Шпанецот Родри.