Offside

Шпанците уште една покажаа дека се лудо вљубени во фудбалот. Синоќа во Билбао, во првиот полуфинален меч од Лига Европа, домашниот Атлетик изгуби од Манчестер Јунајтед неочекувано убедливо 0:3 но околу 53.000 навивачи во текот на целиот натпревар и после него, ги бодреа своите миленици. Во Бетис, во првото полуфинале од Лига на Конференции, домаќинот со 2-1 пред скоро 60.000 гледачи ја совлада Фиорентина. Пред мечот зелено-белите извадија прекрасна кореографија.

Лацио пак ја доби Рома, Мурињо ги смируваше тифозите

Со голот на италијанскиот репрезентативец Ѕакањи од пенал во 51’ минута Лацио минимално со 1-0 ја победи Рома во вечното римско дерби и се пласираше во полуфинале на Купот каде ќе го чека подобриот од дуелот Јувентус - Фрозиноне.

Мега шоу меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Ријад

Шпанскиот Супер Куп веќе неколку години по ред се игра во Садуиска Арабија и се игра турнирски со полуфинале и финале. Овојпат дамка фрлија гледачите во Ријад кој пред почетокот на дербито ја исвиркуваа минутата молк за починатата легенда Франц Бекенбауер.

Франција пресилна за Македонија, пораз на стартот

Пред рекорден број гледачи за еден ракометен натпревар, пред речиси 50.000 присутни, Македонија вечерва загуби на почеток на Европското првенство од ракометниот хегемон Франција 39-29.

Кога не оди, не оди, па тоа ти е

Меч од Копа Либертадорес во Колумбија, домаќинот Атлетико Насионал има 100% шанса за гол, ама сè тргнува накриво. Па дури и покрај аут линијата.

Ракометната бајка во Србија кога Македонија стана петта европска сила

Ако на младите надежи на Кире Лазаров им треба дополнителна мотивација за големиот настан во Германија, им најдовме видео кое се гледа во еден здив.

Сте ја виделе ли буквата Т на Алијанц Арена во Минхен

Во 2005-та година Баерн Минхен се пресели на новата и велелепна „Алијанц Арена“ и веднаш претстави една воочлива карактеристика на стадионот.

Шут за 100.000 долари

Едно време за оваа забава на полувреме во НБА даваа по 10 бона, ама сега ја појачале сумата со уште една нула, за да ти биде 10 пати повеќе криво ако промашиш. Навивач на Лејкерски се проба од пола терен и мапгупски ја исполни задачата.

Комична ситуација - редар не го познал Рони О’Саливен и не го пуштал

Великанот на снукерот и повеќекратен светски шампион е многу познат и славен во Велика Британија но и пошироко. Но има и такви кои никогаш не гледале снукер, или па гледаат пикадо како што напиша Рони О’Саливен под видеото кое сам го објави а на кое се гледа како еден редар не го пушта да оди на меч од Мастерсот во Лондон.

Дарко грмеше по поразот од ЛА Лејкерс

Тренерот на Торонто Репторс, 44-годишниот Србин Дарко Рајаковиќ беше бесен по синоќешниот пораз на неговиот тим од ЛА Лејкерс 132:131.

Безобразен потег на Јери Мина

Колумбискиот стопер Јери Мина, кој играше кусо во Барселона, а потоа пет сезони во Евертон, од оваа сезона е член на Фиорентина. Погледнете го овој идиотски прекршок на мечот против Болоња, кој речиси никој не го практикува и по кој остана неказнет.

Трансформацијата на фудбалскиот стадион во ракометна сала во 15 секунди

Стадионот на Фортуна Дизелдорф, „Меркур Шпил Арена“ денеска од 18 часот ќе влезе во историјата и ќе ги нагости Франција и Македонија на стартот на ракометното Европско првенство. Како успеаа да го прилагодат за ракометниот спектакл, ќе видите во оваа куса верзија.

Навивачите на Хајдук за 9 дена му помогнале на клубот со скоро 700.000 евра

Релацијата меѓу Хајдук и навивачите може да се нарече феномен за нашиве простори. Таа е пример број 1 за верност и поврзаност и оваа година, која инаку што туку почна.

Како тоа изгледа од паркетот, од лице место

Во 19. коло од најдобрата европска клупска кошарка Евролига се одигра и вечното белградско дерби меѓу Црвена звезда и Партизан. Го добија црвено-белите 88-72 а атмосферата од трибините со воодушевување се споделуваше на друштвените мрежи. Евролига за овој меч им доделила и P.O.V камери на главните судии па еве како тоа изгледало од лице место:

Македонија утре ќе отвора Европско ракометно првенство на фудбалски стадион

Селекторот Кире Лазаров и најдобрите македонски ракометари ќе бидат во фокусот на европската јавност утре (10. јануари) вечер од 18 часот. Црвено-жолтите против светскиот ракометен гигант Франција ќе го играат премиерниот меч со кој ќе се отвори Европското првенство 2024 во Германија.

Бекенбауер знаел и да пее

Песната се вика „Gute Freunde Kann Niemand Trennen" (Никој не може да одвои добри пријатели), а снимката е од 1966-та, кога Франц имал 21 година. Се користела и како реклама за телевизиската лотарија АРД.

Бразил има нов селектор

Шеесет и едно годишниот бразилски тренер Доривал Жуниор е нов предводник на кариоките кои се во голем резултатски пад во последно време. Се шпекулираше дека Карло Анчелоти на лето ќе ги преземе Бразилците, но од тоа нема ништо и Селесао има нов селектор.

За величината на Кајзер Франц Бекенбауер

Еден од најголемите фудбалери и спортски работници на светот, Германецот Франц Бекенбауер важеше за великан кој направи револуција во фудбалот и беше глас на разумот во други области во Германија.

Каква чудесија од гол падна во ФА куп

Во третата рунда од ФА Купот, Лидс Јунајтед на гости со 0-3 лесно се справи со Питерброу. Два гола во победата даде Итан Ампаду, а еден Патрик Бамфорд. Неговиот погодок беше еврогол и веќе високо котира за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав погодок.

Топ 5 гола на Бекенбауер во Бундеслигата

Легендарниот Франц Бекенбауер беше сестран играч кој почна да игра во среден ред, но се прослави како централен дефанзивец. Се смета дека ја измислил улогата на либеро. Има 112 гола за клуб и репрезентација. Внимавајте добро на велемајсторијата, која драстично се двои на првата позиција. Нема вакви голови во денешно време.

На третолигаш му се падна Барселона, се радуваа ко титула да освоиле

Фудбалерите на Унионистас од Саламанка кои во 16 финалето на шпанскиот Куп направија големо изненадување и го исфрлија Виљареал, во следната фаза одат на мегдан на Барса, кој е актуелен шампион на Шпанија. Погледнете ги како реагираа на ждрепката.

Почина Франц Бекенбауер

Се работи за симбол на Баерн Минхен и германската репрезентација, кој одбележа една ера во германскиот фудбал.

Непоправливиот Жозе Мурињо повторно исклучен

Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.