Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Трамп би го поместувал Светското првенство од небезбедни градови

Следната година, 2026-та во САД, Мексико и Канада ќе се одржи Светско фудбалско првенство. Првиот човек на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во четвртокот пред новинарите изјавил дека размислуваат на некои градови да им одземат домаќинство поради небезбедност.

Барса прими гол од преку 40 метри

Со головите на Ерик Гарсија, Левандовски и Араухо, Барселона го совлада Овиедо на гости 1:3. Ама губеше на полувреме, бидејќи Жоан Гарсија глумеше Мануел Ноер.

Бускетс со видео се одјавува од играње фудбал

По речиси 20 години богата фудбалска кариера со врвни успеси, Серхио Бускетс соопшти дека на крајот од сезоната во МЛС која завршува за неколку недели, оди во пензија. 37 годишниот Шпанец заминува како легенда на Барселона со 722 настапи и 32 трофеи во 15 сезони, од каде направи трансфер во Интер Мајами и запиша 105 настапи. За Шпанија одигра 142 средби и стана светски и европски првак.

Кога фудбалерите одбиваат трансфери од „љубов“ за жените

Ова се приказни за мајки, сопруги и девојки кои влијаат во преговорите на фудбалерите или попрецизно тие го имаат главниот збор дома. Госпоѓа Зидан на пример сакаше мажот и да игра во град кој излегува на море, ама кога бидна трансферот, сфати дека најблиската плажа е на 350 км. 

Некогашна НБА ѕвезда проси на улица

Делонте Вест кој на времето играше за Бостон Селтикс, Кливленд и Далас Маверикс пред неколку години беше тема на медиумите во САД поради тоа што го снашло: станал питач, живее на улица и едвај преживува. Сега пак на една видео снимка се гледа некогашниот кошаркар кој на времето заработуваше и до 16 милиони долари, како бара милост од 20 долари.

Гол со шрауба ја воодушеви битолската публика во ЛШ

Еурофарм Пелистер не успеа да излезе на крај со данскиот ГОГ Гудме во ЛШ. Но македонскиот шампион го имаше потегот број 1 на мечот во режија на Словенецот Домен Тајник, кој изведе квалитетна атракција.

Како поминаа Престон Лајонс на гости во Македонија?

Македонската фудбалска гордост во Австралија конечно на гости во земјата од каде потекнуваат луѓето кои го формирале во далечната 1947-та. Традицијата на македонските иселеници е сочувана 78 години, а претседателот на клубот Давид Цветковски и тренерот Љупче Ацевски се Македонци од трето колено. Одиграа пријателски со Вардар и Пелистер и направија убави репортажи од Скопје, Битола и Охрид.

Дајте стрим за Лига на шампиони на албанска тв

Се надеваме дека наскоро и кај нас би можело да има освежување во студио кај стручните коментатори. Ова е Ева Мурати, позната албанска ТВ водителка на емисија за Лига на шампиони.

Дали Лионел Меси прерано ја напушти Европа?

Ако се гледаат партиите кои ги пружа во САД преку океанот, одговорот сигурно е да.

Супер деби настап на Нено против Дубаи за пласман во финале

Зенит Санкт Петербург се пласираше во финалето на ВТБ Суперкупот откако се избори за победа, со феноменален пресврт после негатива од 19 поени. Димитријевиќ растури.

Марко Арнаутовиќ за еден необичен рекорд

Црвена звезда одигра 1-1 против шкотскиот шампион Селтик на отворање на сезоната во Лига Европа. Гостите поведоа преку Келечи Ихеаначо во 55' минута, а домаќините израмнија преку ветеранот Марко Арнаутовиќ во 65' минута. Ова беше прв гол на австрискиот репрезентативец во Куп на УЕФА/Лига Европа после верувале или не 16 години и 217 дена! Претходно на свои 19 години дал гол на мечот Марсеј - Твенте за победа на холандската екипа. Ова е најдолго временско растојание меѓу два гола во еврокуповите. Арнаутовиќ го држи и рекордот во Лига на шампиони.

Искусен коментатор на пренос оди со повеќе тефтери

Него не му треба Гугл на сред натпревар, Чет Џи-Пи-Ти, социјални мрежи и сл. Спремен е со тефтер од кој инфо црпи 30 години, во случајов за Ливерпул. Настрана сите оние основни информации кои ги има во првиот тефтер.

Серхио Рамос се посрамоти, му фатија пенал со паненка

Во мексиканската ЛигаМХ, Толука со 6:2 го совладала големиот ривал Монтереј. При водство на гостите 0-1, Серхио Рамос во 19' минута изведува пенал и тоа во негов стил како некогаш во Реал Мадрид, со ударот паненка. Голманот лесно му ја фаќа, отвора контра и примаат гол на другата страна.

Еднаш во кариера се испорачува ваков проектил

Атлетико Мадрид - Рајо Ваљекано е еден од оние мечеви со задолжително гледање хајлајтс. Славеа домаќините 3:2 и тоа со пресврт. Хет-трик на Хулијан Алварез од кој ќе издвоиме два убави гола. Но, обрнете внимание што направи Пеп Чаварија. Лудило од голчиште кое сигурно заслужува кандидатура за гол на сезоната во Ла Лига.

Сте чуле ли за дербито на аеродромот?

Во првото коло од новата сезона на Лига Европа Фрајбург го пречека швајцарски Базел. Ова е натпревар на соседни градови, блиски градови чии жители често ги посетуваат едниот и другиот град. Од аеродромот во едниот град до аеродромот во другиот град има 57 километри, далеку помалку колку што има дури и меѓу некои германски бундеслигаши, па затоа овој дуел го добил името „Дербито на аеродроми“.

Ново шоу на Меси, два гола и супер асистенција

Интер Мајами лесно го совлада Њујорк на гости со 0-4 ама лесно е кога го имаш најголемиот во состав. Лионел Меси прво му асистираше за гол на Родригез а потоа постигна два мајсторски гола со кои заслужено ја собра титулата МВП на колото. За светскиот шампион ова е петти гол на последните три дуели во МЛС лигата а има и три асистенции и игра во одлична форма.

Роденденско шоу на Широк Сокак во режија на Чкембари

Само четири дена откако „ја запалија“ Битола со 2 километарска бакљада, најверната навивачка група на Пелистер ја продолжи прославата и го крена градот на нозе.

Уникатен фудбалски клуб од Словенија со 1.300 газди и амбиција да влезе во ЛШ

Во Сежана, градче во близина на Трст, почнат е револуционерен експеримент, благодарение на групно финансирање. Со влог од 250 евра, секој може да стане дел од клубот во кој работат сериозни ликови. Потоа имаат право да дадат мислење за играчи, па дури и дивиденди се делат.

Колку земаат најплатените кошаркари во Евролига?

Реномираната страница за европска кошарка Еурохупс ја претстави листата од Топ 10 најскапо платени играчи во елитната Евролига.

Стај си ја Селта точен резултат и свиркај си

Познатиот шпански клуб Селта Виго зареди пет резултати 1:1 по ред и стана само трета екипа во историјата на шпанскиот фудбал која имала таков учинок во текот на една сезона.

Импресивното деби на Елмас против Шпанија на само 17 години

Елиф Елмас полни 26 години. „Дијамантот“ е роден во Скопје на 24 септември 1999-та. Како вчера да беше неговиот прв настап за Македонија против Шпанија, на 11 јуни 2017-та. Кој беше на Градски, знае колку голем впечаток остави на дебито, како 17 годишен талент на Работнички кого го биеше голем глас. Мрме го пушти во игра на полувреме, на местото на Остоја Стјепановиќ. Немаше нит страв, нит пардон кон ѕвездите. Се роваше и добиваше дуели со Иниеста, Бускетс, Иско...

Стартуваше Европската недела на спортот 2025

Со бројни активности во кои беа вклучени спортисти, рекреативци и граѓани од
сите возрасти, во Скопје официјално беше означен почетокот на Европската
недела на спортот 2025.

Првиот гол на рекордно најскапото засилување за Ливерпул

Ливерпул многу потешко од очекувањата го совлада Саутемптон 2:1 и се пласираше во следна фаза од англискиот Лига Куп. Арне Слот го измеша составот а шанса да стартува од почеток имаше рекордно најскапото засилување на црвените, Александар Исак. Шведскиот центарфор го постигна својот прв гол за Ливерпул, во 43' минута на асистенција на Федерико Кјеза.