Колку земаат најплатените кошаркари во Евролига?

Реномираната страница за европска кошарка Еурохупс ја претстави листата од Топ 10 најскапо платени играчи во елитната Евролига.

Пресметката е направена со даноци и во долари.

Убедливо најскапо платен кошаркар во Европа е Србинот Василије Мициќ кој од Хапоел Тел Авив ќе заработува 5,6 милиони долари годишно.

Втор по заработка ќе биде МВП-то на предминатата сезона, Кендрик Нан од Панатинаикос. Американецот според договор ќе заработува 5,3 милиони долари годишно.

Во Топ 10 заслужено според врвните партии се уште и:

Саша Везенков (Олимпијакос) - 4,1 милиони долари, Шејн Ларкин (Анадолу Ефес) - 3,75 милиони долари, Џанан Муса (Дубаи) - 3,5 милиони долари, Еван Фурние (Олимпијакос) - 3,2 милиони долари, Матиас Лесор (Панатинаикос) - 3,2 милиони долари, Костас Слукас (Панатинаикос) - 3,2 милиони долари, Мајк Џејмс (Монако) - 3 милиони долари, Волтер Тавареш (Реал Мадрид) - 2,7 милиони долари, Елајџа Брајант (Хапоел Тел Авив) - 2,7 милиони долари.

24 септември 2025 - 14:09