Трамп би го поместувал Светското првенство од небезбедни градови

Следната година, 2026-та во САД, Мексико и Канада ќе се одржи Светско фудбалско првенство. Првиот човек на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во четвртокот пред новинарите изјавил дека размислуваат на некои градови да им одземат домаќинство поради небезбедност.

Во обраќање од Овалната канцеларија во Белата куќа, Трамп најпрвин рекол дека тој гарантира дека Светското првенство ќе биде „многу безбедно“, но потоа додал и дека тој би интервенирал и би сменил некои градови-домаќини.

Новинарите велат дека се спомнале Сиетл и Сан Франциско кои ќе бидат домаќини на шест натпревари поединечно, а раководствата на овие два града се противат на миграционата политика на Доналд Трамп.

Новинар го прашал претседателот на САД што би направил ако овие градови „не соработуваат“ со администрацијата?

„Добро, тоа е интересно прашање, но ние прво да се осигураме дека (тие градови) се безбедни. Водени се од радикални леви лудаци кои не знаат што прават“.

Стадионот „Лумен Филд“ ќе биде домаќин на четири натпревари од групната фаза на Светското првенство меѓу кои и вториот натпревар на репрезентацијата на САД на 19-ти јуни следната 2026-та. Овој стадион во Сиетл ќе биде домаќин и на еден натпревар од 16-финале и од осминафинале.

Стадионот „Левис“ кој се наоѓа во Санта Клара, односно на 30-ина километри од Сан Франциско ќе биде домаќин на пет групни натпревари и на еден дуел од 16-финале.

ФИФА во февруари 2025 го означи календарот и градовите домаќини на натпревари од Светско првенство. Секој од 11 градови во САД се подготвува да ги исполни критериумите кои Светското првенство ги бара.

Покрај Сиетл и Сан Франциско, домаќини на Мундијалот ќе бидат уште и Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Лос Анџелес, Канзас Сити, Мајами, Њујорк/Њу Џерси и Филаделфија.

Во Мексико домаќини ќе бидат Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј а Ванкувер и Торонто во Канада.

Доналд Трамп законски нема право да преместува натпревари од Светско првенство од еден во друг град. Но има директна линија со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино со кого станаа блиски пријатели.

ФИФА има договори со овие градови од кои некои веќе имаат рекордни побарувачка за карти и ФИФА „нема да има право на обичен раскин на договорот“, но генерално на ФИФА и се даваат широки овластувања и заштита од какви било правни побарувања ако раскине или прекрши договор.

Власта предводена до Трамп неодамна одвоила 625 милиони долари федерални средства за безбедноста на Светското првенство. Тие средства ќе бидат пропорционално, а не подеднакво поделени меѓу 11-те градови-домаќини на Светското, во зависност од нивните потреби.

Градовите ќе ги поденсат своите трошоци и барања за надомест, како што рекол Ендрју Џулијани, шефот на работната група за Светско првенство во Белата куќа. Не се знае дали Трамп, кој претседава со работната група би можел потенцијално да скрати дел од тие средства.

ФИФА се уште не одговорила на прашање на Атлетик во врска со домаќинствата на овие два града.

Ждрепката за групите на Светско првенство ќе се одржи на 5-ти декември во Кенеди Центар во Вашингтон. Доналд Трамп во четвртокот рекол дека последните статистики за криминал во Вашингтон откриле дека „нема криминал“.

Во август летово, Трамп изјави дека некои градови како Чикаго не се безбедни но за Светското ќе бидат безбедни. „Ако мислам дека не е безбедно, апсолутно ќе се преместиме во друг град. Многу ферски е така. Ако сметам дека не е безбедно, ќе се преселиме од тој град“.

26 септември 2025 - 09:41