Стај си ја Селта точен резултат и свиркај си

Познатиот шпански клуб Селта Виго зареди пет резултати 1:1 по ред и стана само трета екипа во историјата на шпанскиот фудбал која имала таков учинок во текот на една сезона.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Само два пати во повеќе од 100-години фудбал во Шпанија се случило една екипа да одигра нерешено 1-1 и тоа дури пет пати по ред.

Ако го повторат тој резултат и против Елче во недела, ќе станат првиот шпански тим во историјата кој ремизирал со резултат 1-1 на шест средби по ред. Но пред тоа ќе дебитираат во Лига Европа против силниот германски Штутгарт.

Двата претходни случаи во историјата на Ла Лига датираат од сезоните 1995/1996 и 2020/2021. Во првиот случај Сарагоса водена од тренерот Виктор Фернандез ја започнал оваа куриозитетна серија против Атлетико Мадрид и го завршила токму против Селта Виго (1-1) на 14-ти април 1996-та година кога Србинот Ратковиќ го отворил резултатот, па гостите израмниле.

Останатите нерешени 1:1 ги одиграле против Спортинг Хихон, Севиља и Еспањол. 

Во вториот случај Леванте во сезоната 2020/2021 стана само втор тим во историјата кој одиграл пет ремија по ред а интересно и во оваа нивна серија е Селта Виго против која одиграле 1-1 во октомври 2020-та. Ремизирале со ист резултат и со Гранада, Алавес и Елче.

Фудбалерите и навивачите на Селта Виго сега пет пати по ред на семафорот на крајот гледаа резултат 1-1 по средбите со Мајорка (гости), Реал Бетис (дома), Виљареал (гости), Жирона (дома) и Рајо Ваљекано (на гости).

Сега ги очекува Штутгарт во Лига Европа, па Елче на гостински терен.

24 септември 2025 - 12:47