Сте чуле ли за дербито на аеродромот?

Во првото коло од новата сезона на Лига Европа Фрајбург го пречека швајцарски Базел. Ова е натпревар на соседни градови, блиски градови чии жители често ги посетуваат едниот и другиот град. Од аеродромот во едниот град до аеродромот во другиот град има 57 километри, далеку помалку колку што има дури и меѓу некои германски бундеслигаши, па затоа овој дуел го добил името „Дербито на аеродроми“.

Базел се врати во еврокупови првпат после 2020-та година. Фрајбург победи 2-1 со головите на Патрик Остерханге и Максимилијан Егештејн.

Растојанието меѓу стадионот на Фрајбург „Европа Парк Штадион“ во Брејзбургауер и „Сент Јакоб Парк“ во Базел е 72 километри.

Ова го искористиле неколку илјади навивачи на Базел кои отпатувале кај соседите на фудбал.

 

25 септември 2025 - 08:56