
Пред неколку години, сопругата на Един Џеко, г-ѓа Амра, се најде на насловните страници. Нејзиниот сопруг, тогаш член на Рома, беше мета на Јувентус и Интер, а се појавија гласини дека таа му наложила дека никогаш нема да го напуштат Рим.
Џеко таа година остана во Рома и отворено призна:
„Сите одлуки ги носам заедно со мојата сопруга“.
Потоа трансферот се реализираше, но како што е познато, во животот се менува мислењето.
Г-ѓа Шевченко, американската манекенка Кристен Пазик, даде чудно објаснување кога нејзиниот сопруг го напушти Милан и потпиша за Челзи. Рече дека станува збор за јазичен проблем.
„Нашите деца треба да научат добар англиски јазик“.
Потоа Шева направи кам бек во Милан, а Мурињо како тренер на Челзи изјави:
„Ако му свика Кристен, Шева ќе се стрча и се сокрие под креветот“.
Неизбежен пар во една ваква сторија се Маурио Икарди и Ванда Нара. Шпанска серија е со нив, кога Аргентинецот треба да прави трансфер, плус проблем за него е што жена му истовремено му е и менаџерка.
Ванда му го отвораше патот на Мауро со провокативни фотографии над кои му сугерираше одредена дестинација со статуси на социјалните мрежи. На тој начин знаеше и да привлече клуб.
Добро е познато дека Кат Керкофс, сопругата на Дрис Мертенс, одигра клучна улога во трансферот на Де Брујн во Наполи. Токму таа ѝ кажала на Хет Беланг ван Лимбург, сопругата на поранешниот ас на Сити, колку е убав Неапол и колку вреди да се живее таму некое време.
Повремено се појавуваат и по некои кратки споеви. Минатата година, Бенедета Боеме, поранешна девојка на Калафиори, објави на Инстаграм дека играчот на Болоња заминал со Арсенал.
Објавата беше во крајот на јули, а преговорите се чинеше дека се заглавени. Но, потоа Калафиори навистина потпиша за топџиите, но се испостави дека нејзиниот профил е хакиран.
Сè беше направено толку лажно што изгледаше вистина. Исто како кога Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој беше пред трансфер во Фиорентина, потпиша за Лацио затоа што жена му, му даде до знаење дека повеќе го сака Рим пред Фиренца, Фонтана ди Треви пред Понте Векио и јагнешките котлети пред ламредото.
Газдарица дома е и Лаура Словијак, позната како Зиелински, која неодамна одбила трансфер во Саудиска Арабија за да остане со својот сопруг Пјотр во Италија, прво во Неапол, а потоа во Интер.
Исто и Вероник Зидан, која го натера Зизу да го напушти Јувентус затоа што таа сакаше да одат на море. Арно ама најблиската плажа од Мадрид е оддалечена 350 км.
На тема Зидан, поентираше Ањели.
„На Зидан не му недостасува морето или сонцето, туку авторитетот на неговата сопруга. Го прашав: „Кој е главен во вашата куќа?“ А тој одговори: „Таа е главна“.
Перспективата на моќта по дома е променлива. Кога Дејвид Бекам одлучи да ја заврши кариерата, Викторија му ја покажа дестинацијата на мапата: прво Лос Анџелес, а потоа Париз, за да можат да ги задоволат и своите професионални потреби.
Потоа тука се и мајките. За нив секој ден е ден на мајките со син шампион. Особено ако по професија се менаџери.
Како г-ѓа Вероник Рабио, мајката на Адриен. На секоја преговарачка маса, ја опишуваат како жестока, лукава, немилосрдна во нејзиното барање за бараната провизија.
Секогаш кога треба да се направи некој потег во преговорите, се вклучува таа. Таа токму тоа го направи неодамна со Марсеј, учествувајќи во двобој со тренерот Де Ѕерби.
Адолфин и Ромелу Лукаку исто така имаат „прекрасен“ однос. Лист не смее да се помести без дозвола на мајка му.
Мајките на денешните фудбалери се мултитаскинг, тие знаат за бизнисот и имаат став за тренерите.
Некогаш, некои се водат во преговорите за трансфер, потпирајќи се на верата. Католичката мајка Азизе го убедила својот син Фалкао да го одбие Интер и да остане во Рим по телефонски повик од Андреоти, кој ѝ дал до знаење дека дури и Папата би го ценел тоа што нејзиниот син ќе го носи дресот на Рома.