
„40 години љубов, верност и гордост“ е слоганот на Чкембари кои слават 40 години од формирањето.
Забавата ја организираа во очи на мечот од ЛШ против ГОГ Дугме со програма која се одвиваше на Широк Сокак, срцето на градот.
Прославата почна на плоштадот Магнолија каде имаше и концерт со музичка група и ди-џеј, со многу навивачки песни и поротехничко шоу.
Продолжи на Широк Сокак, на бутки, па сè до салата Боро Чурлевски со кортео во зелено бела боја.
„Денес не славиме само 40 години од основањето на Чкембари, денес ќе прославиме 40 години континуитет на Чкембари. 40 години поставуваме стандарди, 40 години безусловна посветеност на нашите идеали“, велат Чкембари