Првиот гол на рекордно најскапото засилување за Ливерпул

Ливерпул многу потешко од очекувањата го совлада Саутемптон 2:1 и се пласираше во следна фаза од англискиот Лига Куп. Арне Слот го измеша составот а шанса да стартува од почеток имаше рекордно најскапото засилување на црвените, Александар Исак. Шведскиот центарфор го постигна својот прв гол за Ливерпул, во 43' минута на асистенција на Федерико Кјеза.

 

На 1-ви септември официјално Александер Исак стана најскапо платениот фудбалер во историјата на британскиот фудбал. Ливерпул за него на Њукасл ќе му плати 125 милиони фунти што е рекордно најскап трансфер во историјата на Премиер лига.

Екитике во неколку секунди даде гол и доби црвен

24 септември 2025 - 10:45