
Поранешните соиграчи, тренери и спортската јавност се прашуваат како може да му се помогне на човекот кој веќе со години живее на улица.
Former NBA player Delonte West spotted outside again and was given $20 by fan pic.twitter.com/m54ovtwKdc
— Hoops (@HoopMixOnly) September 23, 2025
Бостон Селтикс го драфтуваа Делонте Вест во 2004-та година на фамозниот драфт, како 24-ти пик од колеџот Сент Џозеф. Во НБА лигата го носеше дресот на Сијетл, Кливленд Кавалирс, два пати за Бостон Селтикс, а настапуваше и во Кина во клубовите Фуџијан и Шангај.
Но заработените милиони ги потрошол брзо а тој со години пати од биполарно пореметување, го следат проблеми, апсења, инциденти и скандали.
Еднаш во 2009-та полицијата за време на една рутинска контрола му пронашла пиштол и сачмарка скриени во футрола од гитара. Во неодамнешен текст на Атлетик, разни личности од НБА лигата зборуваа за тешкиот случај на Делонте Вест и се обидуваат да ја подобрат неговата ситуација. Тој е бездомник и живее од просење на улица.
Еднаш познатиот некогашен сопственик на Далас Маверикс, Марк Кјубан бил виден како го собрал Делонте Вест од улица, го однел на рехабилитација и таму му ги платил сите трошоци и му нашол сместување.
Но тој набрзо пак бил виден на улица, овојпат во Вирџинија каде најверојатно живее во некаков стационар.
„Го носиме на одвикнување на Флорида, а тој си ги собира работите, ги фрла преку ограда и исчезнува. Тој е болен, има биполарно пореметување. За него тоа е борба. Зависноста е ужасна работа. Тој прво мора да има желба да му се помогне. Се обидов. Знам дека му е тешко, но му посакувам се најдобро“, рекол тогаш Кјубан.