Ново шоу на Меси, два гола и супер асистенција

Интер Мајами лесно го совлада Њујорк на гости со 0-4 ама лесно е кога го имаш најголемиот во состав. Лионел Меси прво му асистираше за гол на Родригез а потоа постигна два мајсторски гола со кои заслужено ја собра титулата МВП на колото. За светскиот шампион ова е петти гол на последните три дуели во МЛС лигата а има и три асистенции и игра во одлична форма.

Интересно Меси по осми пат на последните 12 натпревари во САД постигнува по најмалку два гола и во моментов е прв на листата најдобри стрелци со 24 гола, два повеќе од Денис Буанга. 

25 септември 2025 - 08:48