Offside

Релацијата Комити - Миленко е нефункционална со месеци, односно откако Неделковски е директор на клубот. Војната обично ја водат преку Фејсбук, а навивачите дополнително и со протести од трибини. Неодамна ги објавивме скандирањата на Комити против Миленко. Да го видиме сега неговиот одговор.

Алекс ве поздрави

Да, така играше, шутираше и се радуваше „Ил капитано“. Ретро мајсторија, на која утринава налетавме и моравме да ја споделиме.

Битанга останува битанга

Аргентина со 3-0 го декласираше големиот ривал Чиле и остана апсолутен лидер во јужноамериканските квалификации за Мундијал 2026. Алексис МекАлистер, Хулиан Алварез и Пауло Дибала беа стрелци за гаучосите, а нова глупост направи голманот на Аргентинците Емилиано Дибу Мартинез. По којзнае кој пат се изглупира со противничките играчи и навивачи. Ист простачки гест каков што направи и на Светското во Катар а и подоцна. Дефинитивно ФИФА треба да го репне со драстична казна па нека се чеша.

Фудбалска вест за која не сме воопшто среќни

Посед на топка 21%, удари во рамки на гол 0, вкупно удари 0...Сето ова во 90 минути игра за петти пораз на 7 меча во квалификациите за ЕП У-21 :(.

Како се игра фудбал со слепи на Параолимпијадата во Париз?

Фудбалот Б1 „5-a-side soccer“ или на нашки „мал фудбал“, за разлика од фудбалот на Олимписките игри, на Параолимписките е еден од главните спортови. Главното правило е: Бидете тивки.

Како се изведува пенал во фудбал на Параолимписки Игри?

Бразилците се неприкосновени во фудбал на Параолимиски Игри откако во 2004-та година овој спорт беше воведен на Паралимијада и официјално. Кариоките имаат дури шест златни медали од тогаш но овојпат беа сопрени на Игрите во Париз од Аргентина во полуфинале на пенали. 

Ало НБА, тренер да не треба?

Српскиот претседател Александар Вучиќ веќе неколку месеци посетувал кошаркарски курс и често зборува за желбата еден ден да стане кошаркарски тренер. Желбата делумно му се оствари откако синоќа повел јуниори на КК Лозница на еден натпревар.

Јужна Кореја ја поддржа Палестина преку фудбал

Јужна Кореја одигра само 0-0 против Палестина во првото коло од квалификациите за Светско првенство 2026. Јужнокорејските навивачи од трибините со бројни знамиња и пароли ја поддржаа Палестина која неколку месеци е во воен конлфикт со Израел.

Снајперистот на неделата доаѓа од Боливија

Боливија за еден гол синоќа беше поефикасна од Аргентина. Го наполни голот на Венецуела со 4 парчиња. Првиот во 13-та минута е за издвојување и е дефинитивно една од најјаките бомби кои ќе ги видите месецов. Мајсторот се вика Рамиро Вака.

Малиот што страшно многу личи како близнак на Ламин Јамал

Ова е стварно нереално. Малиов се вика Раул Гонзалес. Има 17 години, игра за младинците на нисколигашот Културал Себререња во шпанското место Себрерос и учи во средното училиште „Ерменехилдо Мартин Боро“. Вели дека идол му е токму Јамин Ламал со кого се врсници и кој веќе стана светска ѕвезда и нов европски шампион.

Три мерак за очи голови на Аргентина, на Алварез најубав

За прв пат по 11 години Аргентина во состав ги немаше Ди Марија и Меси. Првиот се повлече од репрезентација, а вториот е повреден. Но тоа воопшто не се сети на терен. Во 7. квалификациско коло за СП 2026 го разбија Чиле со 3:0. Макалистер, Алварез и Дибала режираа прекрасна голеада. Први се во група со 18 бода.

Историски јубилеј на Кристијано Роналдо со 900 погодоци!

На стартот на Лига Нации, во големото дерби Португалија ја совлада Хрватска со 2:1 со гол на Кристијано Роналдо. Ветеранот така стигна до својот 900-ти гол во кариерата во сите натпреварувања.

Владе Дивац исвиркан во Загреб

Во четвртокот вечер во Загреб се одржа меморијален натпревар во чест на големиот Дражен Петровиќ, односно во чест на 60 години од неговото раѓање. На мечот беа присутни светски признати имиња како Тони Кукоч, Лука Дончиќ, Жељко Обрадовиќ, Хорхе Гарбахоза, Јака Блажиќ, Шејн Ларкин, Марселињо Уертас, Торнике Шенгелија и многу други. А Владе Дивац беше исвиркан од загрепската публика.

Прва победа на Сан Марино после повеќе од 20 години!

На почеток на новото издание на Лига Нации, главни вести беа 900-от јубилеен гол на Кристијано Роналдо во кариерата, ремито на Европскиот првак Шпанија со Србија и историскиот триумф на Сан Марино, прв после повеќе од две децении!

Кипре им подари македонски дрес на Дончиќ и мајката на Дражен

Кипре легендата ја продолжува својата мисија да подарува македонски сувенири на светски легенди. По Ѓоковиќ и Јокиќ, македонски дрес доби и Дончиќ, како и мајката на Дражен Петровиќ со која се среќава по втор пат.

Холограм од Дражен Петровиќ се обрати на спектаклот на кој беше и Ненад Димитријевиќ

„Поздрав до сите. Големо ми е задоволството што ве гледам во толкав број“, грмна силно на звучници гласот на кошаркарскиот Моцарт.

Лука Јовиќ го изеде срамот пред гол

И покрај тоа што настапи ослабена без Влаховиќ, Митровиќ и Милинковиќ Савиќ, како и пензионираниот Тадиќ, Србија во првиот меч од Лига на нации извади 0:0 против големиот фаворит Шпанија. Во првиот дел тимот на Пикси можеше и да поведе, но напаѓачот на Милан утна нешто што не смее да си дозволи да го промаши, особено не против европски првак.

Како во Џенова ја спремаат навивачката трибина?

На култниот „Луиџи Ферарис“ играат Џенова и Сампдорија, вековни градски ривали. И кога играат едните и кога играат другите зад двата гола има прекрасна атмосфера, една од најубавите во Европа. Безбројни барјаци, тапани, конфети, бакљи, петарди, огномети.

Сите меч поени на Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз

Твитерот на Олимпијадата денеска нè потсети на еден свеж и неверојатен тениски успех на челичниот Новак Ѓоковиќ. Да потсетиме, 6 од 6 и тоа без загубен сет, како и требење на двајца шпански асови. Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Добро забивање што и судијата го зачуди

Тајлор Стон е младиот школарец од американски колеџ што ја забива, ја пеплосува таблата а судијата во чудо му дава рака во знак на признание.

„Играчите беа и остануваат жртви на неспособноста и ароганцијата на Пикси“

„Насекаде гледаше завера, ги избегнуваше сите што не размислуваат како него, а беше опкружен со луѓе кои го нарекуваат „мистер“ и кои го хранат неговото пренагласено его“.

Сте виделе ли некогаш поим за идеална контра?

Во шестата англиска лига Југ, на мечот Бохам Вуд - Вортинг, гостите во 86’ минута при резултат 1-1 згрмуваат една молневита контра. Дени Кашман е режисер на контрата и реализатор на голот за победа 1-2.

Кариерата на Енди Мареј во еден поен

Во тек е УС Опен, ама ние налетавме на нешто од Мелбурн и не ни дава срце да не го објавиме. Се работи за тукушто пензионираниот Мареј, генерација лик со Ѓоковиќ кој со оглед на талентот освои премалку. Само 3 Гренд слемови и 6 загубени финалиња од кои 5 на Австралија опен. Реакцијата му е на место. Заслужи пет пати посилни аплаузи и овации за оваа нестварна игра.

Пречек каков што Атина не памети

По Александар Саша Везенков кој како најдобар играч, МВП на Евролига отиде во НБА па се врати во Олимпијакос, црвено-белите од Пиреја ангажираа уште едно страшно засилување за новата сезона. Во Олимпијакос дојде 31-годишниот Французин Еван Фурние после цели 10 години во НБА лигата каде играше за Денвер Нагетс, Орландо Меџик, Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Детроит Пистонс.

Запознајте го најголемиот колекционер на сликички од Македонија

Игор Петков од Радовиш е сериозно јак колекционер на картички и сликички од фудбалери. Со ова хоби се занимава од СП 1990 и има безценета колекција за која одбива многу пари. Држи сè и сешто. Од Сократ Мојсов, Џина, Дојчиновски, Панчев, Станојковиќ до Пандев, Елмас, Барди, Ристовски. Бил и на саем за изложба на колекционерски предмети во Загреб, како единствен македонски претставник.