Моќна партија на Лука Дончиќ, забиваше и ја забавуваше публиката

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по поразот од Атланта Хокс брзо се вратија на победнички патеки откако ноќеска го совладаа Шарлот Хорнетс 121:111. 

Лука Дончиќ покажа зошто е меѓу Топ3 играчи во најсилната светска лига. Постигна 38 поени (14/28 од игра), со 7 асистенции и 1 украдена топка. Остин Ривс повторно беше одличен, овојпат со 24 поени, 7 асистенции и 5 скока а Руи Хачимура додаде 21 поен.

Кај Шарлот Хорнетс кој постојано имаше предност се до третиот период кога Лејкерс го скрши отпорот, најефикасни беа лидерите Мајлс Бриџис со 34 поени, 8 скока и 5 асистенции, Кон Кнупел со 19 поени, 10 скока и 9 асистенции.

11 ноември 2025 - 08:41