Турската фудбалска федерација ги објави на својата бев страница имињата на 1.024 играчи кои се кладеле он-лајн.
Од најпознатите клубови, во дел од истрагата спаѓаат Ерен Елмали и Метехан Балтаџи од Галатасарај, Неџип Ујсал и Ерсин Дестаноглу од Бешикташ, и Боран Башкан и Салих Малкочоглу од Трабзонспор.
Фудбалерите за кои е откриено дека се кладеле се упатени до дисциплинскиот одбор како мерка на претпазливост, а мечевите од втора и трета лига се одложени за две недели.
Од ТФФ најавуваат дека соработката со институциите е во тек и дека истрагата ќе се прошири.
„Како дел од истрагата за обложување спроведена од Турската фудбалска федерација во професионалните лиги, беше одлучено 1.024 фудбалери за кои е утврдено дека се обложувале, да бидат упатени до Дисциплинскиот одбор како превентивна мерка, почнувајќи од 10 ноември 2025 година, во согласност со член 57 од Фудбалската дисциплинска инструкција.
Поради превентивниот трансфер на 1.024 фудбалери, итно се започнати преговори со ФИФА за доделување 15-дневен период за трансфер и регистрација покрај зимскиот трансфер период 2025-2026 година, само на национално ниво, со цел клубовите да ги пополнат своите недостатоци во составите“, стои во соопштението на Турската фудбалска федерација.

Листа на фудбалери за кои е откриено дека се обложиле во Супер лигата:
БЕШИКТАШ: Ерсин Дестаноглу, Неџип Ујсал
АЛАНИЈАСПОР: Изет Челик, Енес Кескин, Јусуф Оздемир, Бедирхан Озурт
РИЗЕСПОР: Ефе Доган, Фуркан Орак
ГАЛАТАСАРАЈ: Метехан Балтачи, Еврен Ерен Елмали
ГАЗИАНТЕ: Мухамет Таха Гунеш, Назим Сангаре
ГЕЗТЕПЕ: Изет Фуркан Малак, Угур Каан Јилдиз
АНТАЛИЈАСПОР: Керем Кајаараси
ЕЈУПСПОР: Микремин Арда Туркоз
КАСИМПАША: Еге Албајрак, Али Емре Јанар
ФАТИХ КАРАГУМРУК: Фуркан Беклевич, Керем Јусуф Сиркечи
САМСУНСПОР: Челил Јуксел
ТРАБЗОНСПОР: Боран Башкан, Салих Малкочоглу
КОЊАСПОР: Адил Демирбаг, Аласане Ндао
КАЈСЕРИСПОР: Беркан Аслан, Абдулсамет Бурак