Дуелот Бока - Ривер Плејт во неделата вечер значеше многу затоа што се играше за директен пласман во Копа Либертадорес за следната сезона. На крајот Бока славеше 2-0 и обезбеди пласман во елитата.
Во Аргентина има посебен систем на натпреварување за кој понекогаш треба скрипти за да се разбере кој каде игра и е прилично закомпликуван.
Но сума сумарум постои генерална табела а на неа во моментов Бока е втора со 58 бода а Ривер трет со 53. Ривер и да победеше синоќа ќе мораше да чека уште еден кикс на големиот ривал во последното коло.
Ривер Плејт инаку игра во историски лоша форма и има дури четири порази на својот стадион „Монументал“ што не се случило уште од далечната 1941-ва година. А дури ниту во за нив трагичната 2011-та кога за првпат во клупската историја испаднаа во втора лига.
Бока Јуниорс славеше со головите на крајот на првиот дел кога Езекијел Зебаљос постигна погодок и на почеток на вториот дел кога Зебаљос асистираше а Мигел Мерентиел погоди за 2-0.
После натпреварот следеше големо славје на играчите со навивачите на Бока и фамозната група „La Doce“ или во превод „12-ка“:
Сега во својата група Б на табелата Ривер Плејт е шести со 21 бод а Бока се бори за прво место во својата група А.