Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Рекламата на Најк за Бразил 2018 како легендарната од ’98-ма

Точно 20 години по легендарниот Мундијал во Франција, во Бразил се сними слична реклама како за тоа Светско. Само тогаш со легендарните Роналдо, Ромарио, Денилсон, Леонардо, Кафу, Лусио, а сега со некои нови клинци.

Карлос од Љуботен га искина мрежата на Тетекс

Во финалето на Купот на ОФС Тетово, Тетекс убедливо го совлада Љуботен со 5-1, ама голот на Дејан Геровски за  најстариот клуб во Македонија кој догодина слави 100 години постоење, беше во стилот на најголемите мајстори.

Индија вадење лоб удар, да се наежи човек

Роналдо ли е, Меси ли е, Нејмар ли е? Не Сунил Четри е од Индија. Нивниот капитен кој против Кенија го одигра јубилејниот 100-ти настап, постигна два гола од кои едниот што да ви расправаме. 97-ми се на рангот на ФИФА и немаат учество на Светско.

За вакво промашување на Светско се оди дома

Селекцијата на Чиле ја совлада Србија со 1:0 на последните контролки пред Мундијалот. Требаше уствари да биде 2:0, ама падна срам кој не проаѓа ни на пријателска средба.

Епски рекорд од едни други фудбалски времиња

Сите знаеме како им оди последниве години на Јуве во Серија А, Баерн во Бундеслига, Барса во Ла Лига, ПСЖ во Лига 1 и Реал во ЛШ, ама доминаци како порано немало и нема ни да има. Кој знаел порано како да паркира автобус.

Генијална презентација на составот на Саудиска Арабија

Откако се пласираа на Мундијал после 12 години пауза (играа 94’, 98’, 2002’ и 2006’), Саудијците живеат за моментот кога ќе почне Светското 2018 во Русија. За разлика од другите репрезентации, направиле многу штослеста презентација на списокот играчи кои ќе патуваат.

Проектилот на Сидорф наполни 21 година

Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.

Не е лошо да се потсетиме

Семафорот брои 29:53 или само 7 секунди до крај, а резултатот 23:23 и напад за Вардар. Тргнуваат од центар и испишуваат нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тоа се тие епски и безвременски мигови од ланското финале во Келн. 4 јуни 2017-та. Со златни букви.

Рамос му го спушти на Ибра

И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...

Екселот за СП Русија 2018

На точно 10 дена до стартот на мундијалското лудило, традиционално го објавуваме распоредот на натпреварите за кои ќе бидете укотвени пред телевизор од 14-ти јуни до 15-ти јули.

Снимки од почетокот на кариерата на Ривалдо

Висок, слаб, тенок, со неверојатна левица каков што беше во текот на целата кариера, таков бил и при своите почетоци во Бразил кога уште го знаеле само локалците.

Кари се изнадава тројки за рекорд и втор триумф на Вориорс

Помалку очекувано, по болниот пораз во првиот меч кога можеа да направат брејк на гости, кошаркарите на Кливленд загубија од Голден Стејт на вториот натпревар од големото финале: 122-103.

Златните резерви на Бразил

На 11 дена до стартот на Мундијалот селекцијата на Бразил реши да се појача во делот на средниот ред и нападот, па на Паулињо, Фернандињо и Кутињо друштво ќе им прават Бразилците: 

Психологијата на удар од белата точка - Англичаните секогаш губат на пенали

Поучени од катастрофалните изведби на пенали на најважните нокаут натпревари на Светски и Европски првенства, Англичаните сега вежбаат да шутираат пенали пред Мундијалот во Русија. Никој како нив не промашувал пенали низ историјата.

Изненадување за Вертонген за јубилејниот 100 настап

На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.

За животот на Јазид Зидан

Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.

Реал Мадрид во секој смисол e жив ќар со Зидан

Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.

Нов фудбалски штос на Болт

По Борусија Дортмунд, најдобриот светски спринтер замина на проба во норвешкиот клуб Штромготсет, каде повторно покажа дека нема само желба за фудбал. Болт им продаде добра финта на шева, а потоа даде и гол.

Леброн напуштил конференција по прашања за глупоста на Џеј-Ар Смит

А и како да не стане да си оди кога глупиов новинар пет пати го прашува исто и му се качува на глава.

New York Times: Милан пред сигурно исклучување од евро-куповите

Според извори на реномираниот американски медиум, УЕФА наскоро ќе му изрече драконска казна на Милан поради кршење на финансискиот Фер Плеј.

Каква Формула 1 таков и секс

За време на Гран-прито за големата награда на Монако, додека се возела трката еден од присутните забележал „претркување“ на еден од околните балкони.

Одело со шорц и крената чорапа проаѓа?

Леброн ми го украде аутфитот од времето кога бев носач на прстенот на свадба кога имав 4 години, се вели во еден од многуте коментари за тоа како синоќа беше облечен за првото НБА финале.

Тешката глупоштина на Кливленд ги чинеше пораз во првото финале

Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.