Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Убавината на Лига на шампиони

Не постои фанатик за фудбал кој не се радува што вечерва и утре ќе се гледа ЛШ. Натпреварување кое знае да извади сè и сешто од богатата архива, па дури и дуел во кој Џон О`ши го дрибла Луис Фиго. Значи да повториме Џон О`ши го прави мајмун Луис Фиго. Не се брише ова од меморија.

Скандалот на Adidas со бели патики за време на Месецот на црнечката култура

Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.

Кога Турам за прв гледал како игра Сидорф

Точно е дека најголемата слава и успеси ги направи со Милан, а во Интер успех му беше тоа што “ја позајми“ на една вечер девојката на Роналдо. Ама овој човек во Милан дојде како печен играч со врвни успеси, остварени во Реал Мадрид, а претходно во Ајакс.

Што прави Бендтнер во домашен притвор?

На Никлас Бендтнер кој доби 50 дена домашен притвор поради напад врз таксист, многу му е тешко. Како ќе издржи човекот дома вака стварно не ни е јасно. Да го жали човек.

Робин Худ против Супермен - Марсеј против парискиот естаблишмент

Важат за ноторни левичари. Блиски се со навивачите на Ливорно и АЕК Атина, исто така крајни левичари во своите земји. Различноста на нивната трибина (црни, бели, жолти) и културни разлики ги спојува само едно: љубовта кон клубот кој во 1992/93 стана европски шампион.

Почина Гордон Бенкс, легендата на англискиот фудбал кој се прослави со Пеле

Синоним за витешкиот англиски фудбал на времето, голманот кој во 1966 година стана Светски шампион со Англија а во 1970-та се прослави по една врвна парада по шутот на Пеле. Почина денес на 81 година.

Химната на Лига на шампиони е толку моќна што ја пеат и судиите и фудбалерите

Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.

Викај такси и напушти го часот, треба да играш за Реал во ЛШ

Денеска е вторник, утре среда, ама оние февруарските кои со душа ги чекаме. Ќе има Лига на шампиони, осминафинале и во тој контекст одиме со најјаката анегдота за средношколецот Икер. Пази ова, го избркале дента од школо за да дебитира во ЛШ. Па има ли појако?

Погребна пародија на стадионот на Алавес, погребан фудбалот

Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.

Тврдат дека голов од слободен е најубав некогаш паднат на стадионот на Ривер

Во продолжение од аргентинската фудбалска лига, Ривер со 2-0 го совлада Расинг Клуб. Првиот гол кој го постигна Хуан Кинтеро, најдобриот фудбалер на „милионерите“ во моментов, е чудесија.

Имаш човек и нечовек

Минатата сабота Баерн со 3-1 го победи Шалке во Бундеслигата. После триумфот, бекот Јозуа Кимих дошол до трибините за да му го подари дресот на едно детенце кое цел меч стоело со парола за Кимих да му го подари дресот. Ама во целата бајка се уфрла и еден дибек.

Сте виделе кореографија со диносаурус како јаде гомно?

Можеби има некоја симболика во ова и е дел од некакво реметење, ама бидејќи се спремаме да доручкуваме, не мора да знаеме детали. Ова го прават навивачите на Динамо Дрезден на меч против Хамбург. Жглап, право во уста.

Мислевме дека само Роберто Карлос го може ова

Габон е афричка земја која се граничи со Конго и Еквиторијална Гвинеја. Таму се наоѓа Нзамбе, фудбалер кој најдобро има анализирано како Роберто Карлос изведува слободни удари. Идентичен топовски удар.

Судија кога ќе свирне крај може да те опорави

Во полската фудбалска лига Екстракласа, Горњник ја победи Висла со 2-0. Пред крајот од мечот домашниот стопер Бохниевич реши да украде дел од времето така што ќе глуми повреда, но брзо стана кога судијата дувна во свирчето.

А што мислевте вие чичко ви Џиџи стар е а?

Човекот кој брани од 1995-ма (Мбапе не бил роден), човекот кој недостига во Јуве, човекот кој недостига во Серија А, човекот кој е и засекогаш ќе остане светска голманска легенда. Со оваа интервенција викендов против Бордо покажа како се брани на 41 година. Еден и единствен Џиџи Буфон.

Мајк Тајсон ужива на фестивал за марихуана

Далеку од градската врева и боксерските промоции на незгодните менаџери, легендата „свири во труба“ редовно.

Голманот на Манчестер Сити кој бранел во финале со скршен врат

Замислете си како војник од нацистичка Германија престојува како заробеник во Англија. Го ослободуваат, брани во аматерска лига, стигнува до ракавиците на Сити, станува херој и добива орден од англиската кралица. Ова го има само на филм. Не, туку прво е вистинска приказна, која наскоро ќе ја гледаме на филм.

Можело значи

По рецептот на новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба игра како препороден. Даде 8 гола на 9 натпревари и има 5 аситенции. Лебди од среќа по теренот затоа што Норвежанецот му ја најде позицијата и го пушти да игра фудбал.

На секој Челси во гости, 3 дена му се доста

Маурицио Сари денес ќе испуши сто цигари, актуелниот шампион на Англија продолжи да руши рекорди, Челси анти-рекорди, а Серхио Агуеро да твори историја. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е во катастрофална ситуација.

На неполни 20 години, веќе има 150 настапи за Милан

Ниту иконата Паоло Малдини на 19 години немал 150 настапи за Милан, подвиг кој му успеа на Џиџо Донарума синоќа во триумфот против Каљари (3:0). Џиџоне, кој важи за легитимен наследник на големиот Буфон, заработува 6 милиони евра годишно + бонуси.

Дојдете ваму еден по еден

Извесен Омар Богл од Портсмут фати да си поигрува, да си поигрува и да си поигрува. Две зидановки им направи, онака најлабаво.

Кога Леверкузен го даде најбизарниот гол во Европа

На 18 октомври 2013 година Баер Леверкузен му гостуваше на Хофенхајм. Во 70’ минута од мечот, по еден корнер Стефан Кислинг шутираше со глава а топката од надворешна страна влезе внатре во голот. Збунувачка реакција и на судијата, и на навивачите и на играчите.

Брилијантен гол од привидна контра

Во втората германска бундеслига, во неделата играа Магдебург - Кил (1:1). Гостите поведоа уште во 5’ минута по една сјајна акција која само личи на контра ама не е контра.