Давид од лани игра за Омија Ардија, а Доријан е од 2017-та член на Мачида. Овие две екипи од јапонската втора лига викендов имаа дуел кој го доби Давид со 1:0.
На десетина минути пред крајот се случи нешто што постариот брат на Твитер го нарече чудо. Влегоа во исто време, каква коинциденција и слика која не сме ја виделе до сега.
What are the odds of something like this to happen? Sometimes football produces miracles! I am profoundly grateful for having experienced one of the most beautiful moments in our careers. I love you, brother. @dorianbabunski pic.twitter.com/YwAND4KZdn
— David Babunski (@davidbabunski) April 22, 2019
Имало дуели на двајца браќа, ама не се сеќаваме во исто време да биле ставени во игра. Средбата меѓу браќата Боатенг на пример е исто така реткост сама по себе. Германија и Гана се сретнаа на Светското првенство 2010-та. Жером настапи за Германија, а Кевин Принц за Гана.
Штета што овие две наши деца, кои веќе не се деца, од калење во светски гиганти чекаат да влезат во игра во втората јапонска лига. Давид Бабунски (25) беше дел од школата на Барселона (2006–2013) и стигна до Б тимот, а Доријан (22) тренираше во Реал Мадрид (2011–2015).
Not one but two Babunskis are brought onto the pitch at the same time! pic.twitter.com/xljZdMwLdu
— leanny chan (@FortressNozuta) April 21, 2019