Таг: доријан бабунски

Еврогол на Бабунски со ножички за влакно

Откако минатиот месец направи трансфер од Јапонија во Бугарија, Доријан Бабунски дебитираше за Ботев Враца кој загуби од Берое со гол во судиско. Македонскиот интернационалец се истакна уште на првиот меч за новиот клуб, најпрвин со асистенција, па со акробација која заврши во пречка.

Две измени во Јапонија, во игра двајца браќа Македонци

Ако треба да се одбере многу ретко видена сцена или можеби невидена до сега во фудбалот тоа е оваа. Јапонски фудбалски натпревар на кој во исто време и двете екипи прават измена и ставаат во игра двајца браќа и тоа од Македонија.

Бабунски во улога на спасител во 94-та минута

Помладиот од браќата Бабунски, Доријан е дел од втората јапонска лига. Неговиот тим Мачида Зелвиа имаше негатива од 1:2 против Роасо Кумамото, но 21 годишниот Доријан влезе како џокер и го спаси својот тим од пораз.