Offside

Европскиот шампион Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот, откако по голема борба ја доби Белгија со 2:1. Микел Мерино втор пат по ред е човек на одлука. Против Португалија во 91-ва, овој пат во 88-минута. Сене Ламенс киксна на голот, откако го замени Куртоа кој се повреди. Фабијан Руиз го отвори резултатот во 30-та минута, 11 минути подоцна израмни Де Кетеларе. Полуфиналето Франција - Шпанија се игра во вторник со почеток од 21 часот.

Борац Бања Лука прекинал натпревар зошто многу губел

Во турското летувалиште Анталија, кое има неверојатни услови за одржување подготовки, доаѓаат многу клубови. Таму во овој период од годината секојдневно се играат еден куп пријателски, а една меѓу словенечки Марибор и Борац од Бањалука не се доиграла.

Најјаката глума во кариерата на Стоичков

Не го знаевме за таков, ама ете знаел и така. Налетавме на снимка од Христо Стоичков како паѓа театрално како да го колат. Се работи за натпревар пред точно 25 години кој Барса го добива против Борусија Дортмунд со помош на оваа глума вредна гол од пенал.

Кејсуке Хонда ја зезна работата

Некогаш растураше во ЦСКА Москва поради што го купи Милан, ама во Италија не покажа ни промил од тоа што го играше во Русија. Кариерата ја продолжи во Мелбурн Виктори во Австралија каде е најдобар играч. Ама изговорот на англискиот јазик му е за уште работа.

Навивачот на Марсеј кој има искршено 26 телевизори

Има една тешка дилајла по име Мохамед Хени кој многу скапо го изразува револтот кога ќе загуби Олимпик Марсеј. Велат еден пораз го плаќал со еден телевизор во канта или поточно во земја. Пази колку е луд, ги погребува на крај.

30 минути Роналдо во Интер

На „Џузепе Меаца“ поминаа илјадници играчи од целиот свет, ама ретко кој беше сакан и гледан како бразилскиот феномен.

Прашале навивач на Јунајтед дали титула да освои Сити или Ливерпул

„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“

Колку опасен лоб удар е ова

Имаше еден многу јак и уникатен лоб на Карел Поборски на ЕП 1996 со кој се прослави како играч. Епа од тогаш не сме виделе нешто вакво специјално, дело на Карло Санчез од Сантос. Оди дај го од таа позиција со десна, претешко е ова и ептен мајсторски, ама ептен.

Последниот гол на Емилијано Сала

Откако синоќа беше извлечено од каналот Ла Манш, денеска стигна и официјална потврда дека телото кое беше пронајдено заедно со потонатиот авион е на аргентинскиот напаѓач кој загина на 21 јануари. Ова е неговиот последен гол во животот. За жал.

Лабаво со Салах за време на снимање реклама

Секогаш кога ќе утне некој цел гол од 7 метри должина и 2 метри висина, нека го ѕирне видеово на Салах и нека фати да вежба прецизност. Инаку тука Салах не носи копачки и е на снимање реклама за Пепси. Каква левица.

Каков погубен податок за Тотенхем

Да навиваш за Тотенхем во англиско, ти е исто како да навиваш за Валенсија во шпанско или Фиорентина во италијанско. Да моли човек за трофеј, а не дека се ова лоши екипи, туку напротив, баш се симпатични и често им прават бељи на екипите од прв ешалон.

Коментаториште!

Купот на Јужна Америка за играчи до 20 години се игра во Чиле. На мечот меѓу Венецуела и Бразил (2-0), при водство на првиве од 1-0, 18-годишниот Хан Хуртадо тргнал во брза контра по една украдена топка. Коментаторот на аргентинската телевизија TyC Sports имитираше звуци од формула.

Ти на мене ќе ми глумиш Нејмар

Деветкава зема да дрибла карпа човек. Иако има конституција како за кошаркар или ракометар, внимавајте добро како ќе му врати. Колку ќе беше штета ако не го уснимеа.

Падна гол после најдолга комбинација, а не е Сити ниту Барса

Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.

Теоријата дека Роналдињо би бил уште погенијален ако го решел проблемот со забите

Стоматолози и експерти на темата тврдат дека Бразилецот имал потешкотии со дишењето поради што не можел да пружи максимум од својата издржливост на теренот. Тој одбивал операција затоа што таа ќе го одвоела од фудбалот на подолго време.

Најубавото време на Сони Плејстејшн 1

Вие што сте Фејсбук и Инстаграм генерација немате појма кои радости беа, а вие постарите додека го читате текстов протрљајте ги рацете за да се потсетите на возбудата од држење џоистик со саати.

Кога ќе легне волеј нема зима

Пријателска во Анталија меѓу данскиот Хобро и Шахтјор Доњецк. Микел Педерсен го отвора резултатот со страшен волеј.

Не сакам автограм од првиот голман на Интер, сакам од третиот

На Самир Хандановиќ, првиот голман на Интер и Даниеле Падели, неговата резерва на клупата им пришло едно дете кое барало автограм од третиот голман Томазо Берни за кој малку кој слушнал.

Алал да му е на тој што ја дал идејава

Паок од Солун vs Аек од Атина. Речиси едно вековно дерби на кое се случило и видело сè и сешто, ама не и ова. Не за џабе се вели дека фудбалот е еднаков за сите. Браво, кој знае со каков ќеиф го правеле ова.

Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Мал пад на Македонија на ранг листата на ФИФА

Светската куќа на фудбалот ја објави првата ранг листа за 2019-та на која евидентни промени има само кај земјите кои учествуваат во Азискиот Куп на нации.

Марсело си свиркаше за голот на Барселона

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во последните неколку сезони, Бразилецот Марсело синоќа потфрли при нападот од кој Барселона израмни 1-1 преку Малком.

Семедо го прати Рамос по хот дог

Нелсон Семедо и Серхио Рамос во битка за една топка на синоќешното Ел Класико. Во еден момент стоперот на Реал излегува целосно од кадар. Да не беше повторената снимка од друга камера, немаше да дознаеме каде заврши човекот.

Тимур Дибиров во тенис

Ѓоковиќ има 15 Грен слем титули, Надал 17, Федерер 20. Ако трофеите случајно не им се повеќе предизвик, еве им нека го вежбаат ова. Фасцинантен потег и поен на Американецот Денис Новиков.

Вардар го растури Рајн-Некар среде Мајнхам

И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.