Црвено-црните од почеток па до крај имаа целосна контрола над мечот. Со фанатична борбеност во одбраната и неверојатен напад, Вардар го носи пехарот во Македонија.
Од минута во минута, избраниците на шпанскиот доктор Парондо ја зголемуваа разликата.
Бразилецот Мораеш, Чупиќ и Криштопанс беа незапирливи за голманот на Веспрем и веќе после 15 минути игра Вардар водеше 8-5, а во 26' минута на семафорот стоеше огромни 16-10 за скопскиот состав.
На полувремето Вардар имаше 5 гола предност, позитива која што ги доближи до златниот трофеј.
Унгарскиот првак, на почетокот на вториот дел ја консолидираа одбраната и се приближија резултатски, пред се благодарение на Арпад Штербик кој нанижа 4-5 луди одбрани. Драмата растеше кога Веспрем, предводен од Петар Ненадиќ и Французинот Мае се вратија на 21-20.
Тогаш на сцена стапи вардаровото јуначко срце кое ги одби сите напади на Унгарците, а на другата страна високиот Криштопанс решеташе. На крајот, Мораеш со 6 гола од 6 обиди беше прв стрелец на мечот. Чупиќ постигна пет, а горостасниот Криштопанс кој играше неверојатно и во одбраната, натпреварот го заврши со четири гола.
Голманот Милосављев запиша седум одбрани.
Вардар по вторпат во клупската историја ја освојува Лигата на шампиони, подвиг кој е уште поневеројатен ако се знаат сериозните финансиски проблеми во клубот.
WATCH: the closing moments of the VELUX EHF FINAL4 Final, as @HCVardar seal their victory over @mkbveszpremkc 💪#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/DWk23Bzmby
— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019
¡@HCVardar CAMPEÓN DE LA @ehfcl! El momento de la coronación. #HANDBALLenDEPORTV pic.twitter.com/BlzSOnoID8
— DEPORTV (@canaldeportv) June 2, 2019