Спортскиот маратон во сабота стартува во 18:00 часот со првото ракометно полуфинале меѓу Вардар и Барселона. Потоа следува малку пауза за средување на впечатоците од мечот, па од 21:00 се префрламе на финалето од фудбалската ЛШ.
Ако не знаете што содржи и како изгледа еден ценовник за да бидете на местото на фудбалскиот настан број 1 во годината, сега ќе ви покажеме за да знаете дека нема да бидете ни догодина :).
Во однос на картите за на стадионот Ванда Метрополитано има четири категории од кои четвртата е секако најприступачна, па би рекле и евтина за еден ваков натпревар. Таа чини 70 евра (60 фунти). Трета категорија – 180, втора 450 и прва 600 евра.
Јасно е дека не е лесно да се стигне до билет за едно вакво финале кое сигурно не ги задоволува ниту апетитите на навивачите на Ливерпул и Тотенхем. Тие добија вкупно 16.613 карти за стадионот кој има 67.829 седишта.
Овие цени се ништо ако ги споредиме со луксузните бизнис седишта.
Има разни бизнис пакети, а тој на пример од 4.900 евра е за големи гурмани. Освен карта во парите ти следува и влез во ресторанот 3 часа пред мечот и 90 минути после мечот. За кујната велат дека од светска класа, а на врата те пречекуваат со чаша шампањ. Што храна ќе беше тоа од скоро 5.000 евра?
Она што обично е најизгор скапо за вакви спортски настани е превозот и сместувањето. Второво ни е веќе многу добро познато, особено на скопските хотелиери.
Опциите на Англичаните се повратна авионска карта од околу 1.500 фунти и хотелско сметување од ноќ од 1.269 фунти (Преку Ербиенби е поскапо). Сепак има опции и за хостел од 170 фунти, ама ако начекаш со време.
Овие ултра покачени цени за сместување на денот на финалето се веќе позната ствар со која се служат сите градови домаќини, ама што е со пијачкиве? Пола литро вода на стадион е 5 евра, а за тие пари продаваат сокови и Хајнекен.
Ај да направиме есап според овие ценовници, колку ќе го чини навивач на Ливерпул или Тотенхем, викенд во Мадрид од овој петок до недела со најевтините опции без џепарац.
Карта за на стадион 60 фунти
Две ноќи во хостел 340 фунти
Повратна авионска карта 1.500 фунти
Вкупно 1.900 фунти
Оваа сума би изгледала вака ако начека слободно место во хостел по тие пари и ако ја купи најевтината карта за на стадион. Инаку ако место хостел избере хотел или апартман, го ебал ежот.
Во фан шопот пак се продава:
Останува на Арена да си ја гледаме така?