Славниот Ливерпул првпат после 2005-та година ја освојува Лигата на шампионите. Најзаслужни за триумфот се Мохамед Салах, резервистот Дивок Ориги и голманот Алисон Бекер кој спаси неколку сериозни обиди на Тотнем.
Пред почетокот на мечот, играчите на средина на теренот одржаа едноминутен молк како сочувство за трагично загинатиот легендарен шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес.
Со стартот на мечот, веќе после 25 секунди Ливерпул доби пенал, откако Сисоко играше со рака во својот шеснаесетник а Дамир Скомина без колебање покажа на белата точка:
1-0 to Liverpool. Salah ⚽️ #UCL pic.twitter.com/XciCQ6pq0O
— . (@mordisgooner) June 1, 2019
Во 18’ минута мечот го прекина една девојка која разголена влезе на терен.
На три минути пред крајот, Дивок Ориги со прекрасен гол го затвори мечот и на својот тренер Јирген Клоп му го донесе првиот европски трофеј после три финалиња:
⚽️ Tottenham vs Liverpool | Origi (GOAL) 87' pic.twitter.com/tjdzwdaK3C
— D9INE NEXUS (@I_AM_D9INE) June 1, 2019