Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Како Џинобили завршува акција на 47 години?

Златната кошаркарска генерација на Аргентина, прослави 20 годишнина од освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Атина. Во полуфинале го елиминираа САД, а во финале Италија. Ману гајле нема под кош и на овие години. Нема коса, ама има муда.

Нова циркузијада во режија на Мурињо кој победи во 102 минута

Фенербахче го доби Трабзонспор на гости со 2:3 во натпревар со два пенали за домаќините и лавина критики на Мурињо за судијата од ВАР собата кој го нарече невидлив човек.

Навивачите на Легија Варшава поставија нов рекорд: запалени 800 бакљи

На убавиот стадион „Маршал Јозеф Пилсудски“ познат и како стадион на полската армија во Варшава, синоќа Легија со 2-1 го совладала Видзев Лоѓ во дербито и тоа со гол во 86’ минута од мечот. Пред натпреварот навивачите на Легија Варшава направија незамисливо пиротехничко шоу со дури 800 запалени бакљи.

Нови чудесни потези на Ламин Јамал

Без да се претера може да се каже дека бисерот на Барселона и европскиот шампион Шпанија Ламин Јамал е нешто најблиску до Меси откако Лионел замина од „Камп Ноу“. Барса сезонава ги меле ривалите во сите натпреварувања, игра најубав фудбал во Европа како некогаш на времето. Во неделата го совладаа градскиот ривал Еспањол 3-1 а Ламин Јамал имаше сјајна асистенција за Олмо.

Сјајното шоу на дербито Пелистер - Вардар

Во Битола синоќа под рефлектори се одигра најголемото македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар. Како ретко кога во претходните две децении пред мечот имаше голем интерес па стадионот „Петар Милошевски“ беше преполн. Дојдоа и Комити кои му дадоа шмек на дербито. Пелистер славеше 1-0 со гол во длабоко судиско продолжение на крај во 90+3’ минута. Мирко Ивановски постигна гол, го прослави со Чкембарите па набрзо доби втор жолт и црвен картон.

Чуму таков потег бе младичу?

Покоен Мутомбо на пример им гестикулираше со прстот, дека нема забивање преку него и по тоа беше препознатлив. Ама ваков непочит не е виден во кошарката. Коментаторите и се чудеја и се смееја.

Асистенција на Јокиќ по која коментаторот го прогласи за најпаметен играч во НБА

27 поени, 16 скокови и 9 асистенции за Никола Јокиќ во третиот сезонски триумф на Денвер Нагетс, овој пат против Јута Џез (129:103). Коментаторот поентираше за интелигенцијата на Јокиќ после ова додавање во негов стил, кое не се гледа секој ден во НБА.

За некои автоголови не постои објаснување

Веројатно ГГ ја имал на ливче или па им кажал на другарите да се обложат дека ќе постигне автогол.

Ненормален кош на Алекса Аврамовиќ во Москва

Кошаркарите на ЦСКА Москва го совладаа Пари Нижњи Новгород 91:65 во 10. коло од регионалната ВТБ лига. Алекса Аврамовиќ кој летово од Партизан замина во ЦСКА Москва постигнал 12 поени со по два скока и асистенции. Дал и еден луд, неверојатен кош од пола терен. Аврамовиќ е прогласен за најдобар играч за месец октомври во ВТБ лигата.

Тренерот на Жирона појасни зошто не му дал на Миовски да го шутира пеналот

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Бојан Миовски беше дел од триумфот на Жирона од 4-3 над Легањес но не постигна ниту еден погодок а немаше ни една асистенција иако 63 минути беше на теренот.

Во наше време се играше во маало стари на млади

Ако си дебел браниш, а сега дебелите 9-ки се на цена. Инаку со пици му е дресот.

Жени, сега е појасно така?

Не за друго, целиот е живот е поедноставен ако го избегнете горниот пример.

НБА ѕвезда преплашена од кловн

ЛаМело Бол е една од најголемите ѕвезди на Шарлот Хорнетс кој во новата сезона има 2 победи и 2 порази. Тој бил преплашен во клупските простории од еден кловн кој соиграчите и луѓето од клубот му го наместиле зад една врата.

Опасно ретро старо 20 години: Адриано и Рекоба, против Пандев и Роки

30 октомври 2004, Лацио - Интер 1:1. Горан е во прв состав на 21 година и игра против Занети, Камбјасо, Станковиќ, Кордоба, негови идни поранешни соиграчи со кои ќе ја освои тројната круна. Во Интер е и Синиша Михајловиќ со тазе направениот трансфер од Лацио. Па уште и Давидс и Верон им се во состав. Какви времиња.

Резултатите на сите тренери на Манчестер по заминувањето на Фергусон

И во 1.500 натпревари, Сер Алекс Фергусон е подобар според процентот на победи (59,7) од сите негови наследници, ако го исклучиме Карик кој ги водеше на само три меча. Но со него безпредметно е да се прават споредби бидејќи создаде респектабилен тим со страшни фудбалери во кој секој гледаше со страв и почит. Бренд и гигант со 38 трофеи.

Канте е Французин со јапонска култура

Откако замина од Челси на уште побогата печалба во Саудиска Арабија, Н’Голо Канте не е актуелен како претходно. Но кај него всушност ништо не се сменило. Навивачите на Ал-Итихад фрлаа кеси на терен и додека натпреварот беше во прекин, тој го чистеше теренот.

ЕХФ: Едноставно само Никола Митревски

Еурофарм Пелистер го разби малерот после 20 натпревари во ЛШ или поточно 14 порази лани и 5 порази и едно реми оваа сезона. Ја совлада Фредериција на гости со 23:25, а Никола Митревски ги спобудале Данците со фантастични 15 интервенции од кои 9 во првиот дел. ЕХФ издвои една од пенал, а објави и видео од големото славје на Битолчани.

Луд кош на Дончиќ од соблекувални

Далас Маверикс ноќеска го загуби дербито на Тексас од Хјустон 108:102. Лука Дончиќ уфрли 29 поени со пет скока и две асистенции, а Кајри Ирвинг 28 поени со осум скока и седум асистенции. Кај победникот Џајлен Грин беше најефикасен со дабл-дабл учинок со 23 поени и 12 скока. Дончиќ на загревање пред натпреварот погоди од неверојатен агол и ги запрепасти сите во салата.

Ново фантастично шоу во Аргентина

Гаучосите отсекогаш правеле права фешта, ама сезонава се надминаа себеси. Прво навивачите на Ривер Плејт направија чудесна атмосфера со тони пиротехника, огномети, бакљи. Сега едни други Аргентинци. Синоќа аргентинскиот Расинг Клуб со 2-1 го совлада Коринтијанс во реваншот од полуфинале на Копа Судамерикана и со вкупен резултат 4-3 оди во големото финале по овој вреден трофеј. Прво финале за Расинг после цели 32 години. Навивачите на клубот од Авељанеда направија шоу.

Во градче со 35.000 жители, второлигашот Нирнберг на Куп натпревар отпатува со 10.000 навивачи

Верноста на германските навивачи не познава граници. Нив не ги интересира каде е гостувањето и дали мечот е од Куп, првенство или меѓународен натпревар. Одат цела војска. 10.000 е нормална бројка за гостување во Лига на шампиони во финале, а тие во второ коло од Куп отишле против Хофенхајм и направиле опсада во градот кој брои 35.000 жители. Неверојатно. Инаку Хофенхајм славеше 2:1 и со тоа оди во следна фаза, а тренер на Нирнберг е Мирослав Клосе.

Автогол за кој нема чаре ни со двајца голмани

Јанг Бојс го совлада Базел со 3:2, меч на кој гостите си постигнаа два автогола. Едниот е дело на Мохамед Драгер, кој од желба да ја расчисти во аут, душмански си ја заби во гол.

Де Хеа не им чинеше на Олд Трафорд, а во Фиорентина е јунак

Само пет дена откако му спречи голчиште на Дибала, Давид Де Хеа одновно блесна и ја спаси Фиорентина и тоа во судиско. Хит е Шпанецот во Италија.

Мурињо ни крив ни должен фаулиран на тренинг

Легендарниот португалски тренер кој сега седи на клупата на Фенербахче на својот Инстаграм профил упати порака до младите тренери: „Никогаш немој да носите исти бои како играчите, или ќе ви додадат топка или ќе ве фаулираат“.