Стравичен пад на Линдзи Вон на последниот настап на Олимписки Игри

Само неколку дена по тешкиот пад во Кран Монтана од каде со тешко повредени лигаменти храбро најави дека ќе настапи за последен пат на Зимски олимписки игри, трофејната и славна американска скијачка Линдзи Вон (41) денес после само 12 секунди од стартот доживеа страшен пад на олимписката патека за време на нејзиниот настап во Кортина Д'Ампецо. Денес таму се вози спустот во женска конкуренција а натпреварувањето продолжи десетина минути по падот на Вон.

Американката не можеше да се помести од место, викаше од болки, па набрзо ја евакуираа со хеликоптер и ја префрлиле во болница:

8 февруари 2026 - 12:30