Кој на друг јама му копа, бекот на Челси во неа пропаѓа

Челси го отпушти тренерот Енцо Мареска и за нов менаџер го постави младиот Лиам Розениор кој досега успешно го водеше француски Стразбур (филијала на Челси во Лига 1). Тој кажал дека не бил спремен да ја води екипата против Фулам, па бил на трибините додека долу на клупата седеше в.д. тренерот Калум МекФарлејн. Челси изгуби 2-1. Играа со играч помалку од 22' минута откако црвен картон доби Марк Кукуреља. А при едно гледање ВАР за потенцијален пенал за Фулам, бекот Мало Густо копаше дупка околу белата точка.

8 јануари 2026 - 12:45