„Секој пат кога ќе слушнев муабети за дербито, сакав да проверам како тоа изгледа. Затоа дојдов во Белград. Зошто од оваа земја доаѓаат некои од најдобрите спортисти на сите времиња? Оваа земја мина низ пекол и назад низ децениите во историјата, а ја чува својата култура, наследство. Тоа многу зборува за нивната отпорност“, вели Жоаким Ноа кој заедно со луѓето од Чикаго Булс го следел дербито од Евролига меѓу вечните ривали Партизан и Црвена звезда.
После кошаркарското дерби кое го доби Партизан после голем пресврт, Ноа рекол:
„Мистика, енергија, тоа е нешто што никогаш не сум го почуствувал до сега. Се чувствувате како да сте во некоја битка. Таков е вајбот - тие против нас. Многу се горди на тимот кој го претставуваат, тоа е опкружување и амбиент кои никогаш нема да ги заборавам“.
Научил и нов збор - инат.
„Зборот кој се повторуваше е инат. Прашавме многу луѓе што мислат за инат. Ни кажаа дека тоа е збор кој ја опишува нивната внатрешна моќ за време на борбите со предизвикувачки околностил. Многу кошаркари ја користат, тој збор означува надминување на потешкотиите“.
Жоаким Ноа два пати беше биран за Ол-Стар натпревар а во 2014-та го избраа за најдобриот одбранбен играч во НБА лигата. Иако роден во САД, играше за Франција со која го освои сребрениот медал на Европското во Литванија 2011-та година.