Ненад Димтиријевиќ пак двоцифрен, Пешиќ го препороди Баерн

Баерн Минхен го совлада и Монако (91:82) и забележа нов триумф во Евролигата. Мајк Џејмс постигна 30 поени за тимот од кнежевството но тоа не беше доволно. Покрај него Блосомгејм и Немања Недовиќ уфрлија по 12 поени. Во победничкиот состав Андреас Обст постигна 19 поени, Ајзеа Мајк 12 а Ненад Димитријевиќ и Тристан Да Силва запишаа по 11 поени.

Димитријевиќ играше скромни 16 минути но имаше одличен учинок од 11 поени, надополнето со 2 скока и 3 асистенции. 

Од доаѓањето во Баварија, Димитријевиќ на седум натпревари во Евролигата е на просек од 10 поени, 4 асистенции и 2 скока за 20 минути по натпревар.

 

6 февруари 2026 - 14:10