Ова како да е некој друг Јунајтед - акција по книга на Манчестер

Откако претходно го совлада големиот ривал Манчестер Сити 2-0 па нанижа уште два триумфи, Јунајтед во дербито го совлада и Тотенхем со 2-0 па сега е четврти на табела со 44 бода, еден пред Челси кој има 43 и три бода помалку од Астон Вила која е трета со 47.

Тотенхем од 29' минута играше со играч помалку по директниот црвен картон на стоперот Ромеро.

Гостите прв ги отвори Брајан Ембуемо во 38-ма минута по една воиграна акција од корнер. Капитенот Бруно Фернандеш изведе, Коби Меино му асистираше на Брајан Ембуемо кој постигна преубав гол:

Во 81' минута капитенот Бруно Фернандеш ги постигна конечните 2-0:

8 февруари 2026 - 10:23