Навивачот на Манчестер Јунајтед година дена не се шишал

Навивачот на трофејниот англиски клуб Френк Илет стана светски познат откако објави дека нема да се шиша се додека неговиот Манчестер Јунајтед не забележи пет победи по ред. Во ситуација кога Јунајтед минуваше низ најмизерната состојба во последните децении и веќе две години е надвор од Лига на шампиони, ова храбро ветување на Илет наиде на потсмев. Но сега со в.д тренерот Мајкл Карик Манчестер врза дури 4 победи од кои 2 против Сити и Тотенхем по 2-0. Сега играат во вторник со Вест Хем на гости а Илет конечно чека да се ишиша.

„Карик е зад воланот! Оваа коса наскоро оди, следен е Вест Хем, четири од пет, првпат стигнавме до четири победи по ред откако го започнав овој предизвик. Овој пат навистина се случува“, порачал Илет на Инстаграм со посебни благодарности до привремениот тренер Мајкл Карик.

Неговиот предизвик е вирален а на Инстаграм го следат речиси, замислете, милион следбеници.

9 февруари 2026 - 11:46