Ракетата на Собозлаи против Сити што го распали Енфилд

Џанлуиџи Донарума го потцени стручњакот за слободни удари Доминик Собозлаи и намести само двајца играчи во живиот ѕид. Унгарецот распали од преку 30 метри силен шут и постигна еврогол во 74' минута за водство на Ливерпул во дербито со Манчестер Сити. Се радуваа и навивачите на Арсенал. Но до крајот се случи неверојатен пресврт на гостите.

Во 84' минута Сити израмни на 1-1 со гол на Бернардо Силва на асистенција на Халанд а Норвежанецот од пенал во 90+2' направи целосен пресврт!

Во последните секунди од натпреварот Халанд даде уште еден гол за 1-3 но поради претходно обострано влечење Собослаи доби црвен картон а голот беше поништен.

Живиот ѕид кој го намести Донарума:

Бернардо Силва за 1-1:

Ерлинг Халанд за победа 1-2:

8 февруари 2026 - 19:02