Él es Kazuyoshi Miura, el futbolista profesional más VETERANO DEL MUNDO, con casi 59 años.
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) February 8, 2026
Ayer fue TITULAR en el primer partido de la temporada para el Fukushima United en la 2ª División de Japón.
CRACKKK. 🇯🇵🚬pic.twitter.com/N2M9VAMm2c
Миура ќе стане еден од ретките што играл во сите три професионални фудбалски лиги во Јапонија, а за првпат после пет години ќе игра пак во трета лига.
Тој на времето играше за репрезентацијата на Јапонија, а интересно звучи фактот што кариерата ја започнал во бразилски Сантос во 1969-та година. Минатата сезона играше во четвртолигашот Атлетико Сузука каде доби 69 минути на само 7 натпревари.
„Мојата страст за фудбалот не се смени без разлика колку сум стар. Благодарен сум што ја добив оваа можност. Ветувам дека ќе играм со се што можам за да придонесам. Ајде да испишеме историја заедно“, рекол Миура пред стартот на неговата 41-ва сезона во професионален фудбал.
Познат како „Кралот Казу“ во Јапонија, ова ќе му биде четврта позајмица од еден во друг клуб уште од 2022-ра година од неговиот клуб Јокохама.
Миура има играно и во Италија, Хрватска и Австралија. Тој за Јокохама потпишал во 2005-та но не заиграл ниту минута од 2020-та па наваму.
За репрезентација постигнал 55 гола на 89 натпревари што е фантастичен учинок. Неговата репрезентативна кариера ја завршил во 2000-та, две години пред Јапонија за првпат во историјата да се пласира на едно Светско првенство.
Тој вели дека планира да игра до 60 години.
Сегашниот негов клуб завршил 10-ти во трета лига во која имало 20 клуба.