Павловиќ копаше дупка, Џенова промаши пенал со Милан

Ова со поткопување земја кај белата точка за пенал стана вирусно. По Мало Густо од Челси кој против Фулам додека траеше ВАР прегледување си копаше дупка, сега истото го правеше и Страхиња Павловиќ на дуелот Милан - Џенова. И му успеа. Милан едвај извлече бод против давеникот Џенова. Гостите први поведоа преку Коломбо во 28-ма минута. Во 90+2' минута во судиско продолжение Рафаел Леао израмни на 1-1 а гостите добија пенал во 90+9' минута. Никола Станчиу го промаши пеналот откако претходно Павловиќ му копаше дупка.

На овој натпревар Фофана од Милан промаши и нешто незамисливо:

Кој на друг јама му копа, бекот на Челси во неа пропаѓа

 Головите и најинтересните моменти од натпреварот Милан - Џенова 1-1:

 

9 јануари 2026 - 09:48