Разно

Најбогатите луѓе во спортот

Спортистите заработуваат милиони секоја година, но големите пари се кај нивните газди. Ова се најбогатите луѓе во спортот според годишното издание на милијардерската листа на магазинот Форбс.

Хокеарите го поправија впечатокот

Откако пред само три дена ја видовме тепачката на двајцата хокеари кои повеќе наликуваа на танчери, Дзурунски и Мекларен покажаа како се настапува машки на мразот. Нокаут ударот следеше по само 26 секунди од стартот на мечот.

Ти на мене Харлем шејк

По стотиците Харлем шејк глупирања кои ги видовме од велешани, битолчани и скопјани па се до кошаркарите на Мајами Хит, се појави маскотата на Минесота која реши да и стави крај на лудоријата која се рашири низ светот.

Најлошата хокеј тепачка

Ако ова воопшто може и да се нарече тепачка, тогаш тоа е најлошата што се има случено на еден хокеј натпревар.

Бугарскиот селектор започна штрајк со глад

Разочаран од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да го избрише борењето од Олимписките игри, еден од најтрофејните светски борачи и моментално селектор на бугарската репрезентација го започна својот протест преку штрајкување со глад.

Водителка падната од Марс

Двократниот олимписки шампион Мо Фарах кој минатата година во Лондон освои златни медали во трките на 5 илјади и 10 илјади метри, имаше краток разговор со водителка која очигледно нема појма на кого му прави интервју.

Сезонски карти во тестамент

На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.

Зошто банкротираат спортистите?

Спортистите во САД за една сезона заработуваат повеќе од просечен Американец за цел живот, но сепак голем дел од нив ги губат парите. 60% од НБА ѕвездите банкротираат за 5 години, а кај НФЛ играчите оваа бројка изнесува 78%. На што тие ги губат парите?

Прва фотографија на Болт со син му

Го добивме ексклузивното право да ја објавиме првата фотографија на Усеин Болт со неговиот син. Сигурни сме дека кога ќе порасне ќе биде брз колку најбрзиот човек на денешницата.

Федерер зема пауза

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.

28 повредени гледачи на трката во Дејтона

Едно тркало и многу помали делови од автомобилот на Кајл Ларсон летнаа во публиката и повредија 28 гледачи по застрашувачката несреќа на самиот финиш од НАСКАР трката во Дејтона. 14 повредени се префлени во болница, а еден е во животна опасност.

Бадминтон мајсторија

Еден од најинтересните поени во историјата на овој не баш популарен спорт се случи на турнирот во Стразбур помеѓу Жулиен Мајо и Ромаин Еуделин.

Борењето ќе ги обедини САД и Иран

Откако Меѓународниот Олимписки Комитет реши да го избрише борењето од листата на олимписки спортови, неколку големи сили во овој спорт наскоро ќе започнат обединета кампања против одлуката, а своја поддршка даде и Владимир Путин.

Пилотите на Ф1 очекуваат повеќе запирања во боксот

Брзото трошење на новите гуми на „Пирели" кои ќе се користат во новата сезона во Ф1 ќе придонесе за повеќе запирања во боксот, а тоа треба да значи и поголема возбуда на трките, сметаат дел од водечките пилоти.

Боксер суспендиран по фантомски нокаут

Николас Кејпс заработи суспензија откако одглуми дека е нокаутиран по само 13 секунди борба со поранешен рагби играч од НФЛ.

Безбол ѕвезда загуби 12 милиони заради бизарна повреда

Франциско Лириано потпиша договор вреден 1 милион долари со безбол тимот од Питсбург, но проблемот е што пред само неколку месеци истиот тим му имаше понудено договор од 13 милиони кој не го потпиша затоа што се повредил играјќи си со децата.

Пинг понг мајсторија

Французинот Квентин Робино изведе збунувачки удар на натпреварот против белорускиот противник кој немо го проследи топчето и на крајот му аплаудираше за мајсторијата.

Среќа во несреќа на драг-рејс трка

Антрон Браун кој е еден од најдобрите возачи на автомобили во категоријата „Драг Рејс" преживеа чудо. Во моментот кога достигна брзина од неверојатни 480 км на час, не само што куртули од најлошото, туку лекарските прегледи покажале дека тој не е ниту повреден.

Голф масторија

Целта на овие момчиња од универзитетот „Кембел“ во САД е сите 9 топчиња да ги внесат во иста дупка. Еве како го смислија тоа дело.

Крикетот е многу интересен спорт

За нас непознатиот спорт, крикет е интересен спорт полн со неизвесности. За време на натпревар има до толку многу возбудливи моменти што еден играч дури има време и да си изеде сендвич.

Проклетството на Најк

Што е заедничко за Оскар Писториус, Ленс Армстронг и Тајгер Вудс? Сите тие беа заштитни лица на Најк и имаа по некоја беља со која на компанијата и направија повеќе негативен публицитет отколку реклама.

Оскар Писториус ја убил својата девојка?!

Најпознатиот светски спортист со телесен хедикеп кој настапи и на Олимписките игри во Лондон, Оскар Писториус ја застрелал својата девојка мислејќи дека се работи за провалник.

Хамилтон збунет од многуте копчиња на воланот

Светскиот првак во Формула 1 шампионатот од 2008-та година, Луис Хамилтон им се пожали на техничарите на Мерцедес дека новиот волан има премногу копчиња и по негово барање исфрлија 4 непотребни.