Изненадувачки крај на кариерата за шампионката на Вимблдон

Најдобрата француска тенисерка и актуелен носител на титулата од Вимблдон, 28 годишната Марион Бартоли го шокираше тенискиот свет и реши да стави крај на својата кариера.

Марион Бартоли помина долги години борејќи се за врвот и само еден месец откако стигна таму со триумфот на Вимблдон, Французинската реши да се повлече.

Веста за повлекувањето таа ја соопшти по раната елиминација од турнирот во Синсинати.

„Всушност ова е мојот последен меч во кариерата. Време е да се откажам од тенисот и чувствувам дека сега е најдобриот момент за да го сторам тоа", изјави Бартоли.

„Моето тело веќе не може да ги издржи натпреварите, а од почетокот на сезоната заработив многу повреди. Чувствувам болки во целото тело по 45 минути или час игра", дополни Французинката.

Марион Бартоли ја завршува кариерата со осум титули и рекорден пласман на седмата позиција на ВТА листата.

15 август 2013 - 08:43