Роналдо е недостижен на Твитер

Ѕвездата на Реал Мадрид е најпопуларната спортска личност на Твитер со дури 20 милиони следбеници.

Кристијано Роналдо нема годишна плата од 20 милиони евра како Самуел Ето во Анжи, но има 20 милиони следбеници на се попопуларната социјална мрежа Твитер и тоа во конкуренција на сите спортисти.

На втората позиција се наоѓа неговиот клупски колега Кака кој и покрај тоа што е резервен играч во Кралскиот тим, тој е следен од 16 милиони фанови на неговиот профил. Третата позиција е резервирана за лидерот на Мајами Хит, Леброн Џејмс со 10 милиони.

Зад него се наоѓа бразилското засилување на Барселона, Нејмар со 7,7 милиони следбеници, па легендарниот Шекил О'Нил со 7,5 милиони. Роналдињо е на шестата позиција со 6,8, па Вејн Руни со 6,7.

Одличен скок на оваа листа има Марио Балотели кој од неодамна си отвори профил на Твитер и за кратко време стигна до милион фанови.

Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо има 3,5 милиони следбеници исто како и најдобриот голф играч Тајгер Вудс

29 јули 2013 - 17:07