Разно

400 милиони долари за мечот на векот

Едниот има 37, а другиот 36 години. Договараа битка уште од 2009 година и конечно ја договорија за 2 мај. Од предвидените 250 милиони долари, вредноста на дуелот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао постојано рипа.

Лукоил преку Систина до мирен Ф8

Вториот ден од Бизнис лигата на Македонија донесе голема ефикасност на дуелот меѓу Монтенегро и Еуролинк на кој паднаа 18 голови, а ТРАНСМЕТ го совлада АрцелорМитал со 7:3.

Во неизвесен натпревар СЦ Борис Трајковски го совлада ОНЕ

Првиот ден од 16. коло во Бизнис лига на Македонија со победи го отворија ЕВН и СЦ Борис Трајковски, додека Глобко Логистик и Доминос Пица одиграа без победник.

Студена хокеарска одмазда

Одмаздата се служи студена, гласи познатата филмска реплика со која се соживеа Андре Деву. Поранешниот НХЛ играч му се приближи на противничкиот хокеар Пер Хелмерсон од Вастерас за време на загревањето и ја искрши палката од него. Клубот на Деву, Рогле решил да го острани Канаѓанецот од екипата.

Фетел за прва победа на Ферари после две години

Новиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Малезија и ја запиша 40. победа во Ф1 кариерата. Хамилтон лут на тимот поради грешната тактика во финишот.

Осврт на петнаесеттото коло во Бизнис лигата

Петнаесеттото коло на Бизнис Лигата на Македонија донесе натпревари кои ги красеше одлична реализација и игра во нападот. Се чини дека имаше рекорден број на стрелци кои имаат постигнато по 4 или повеќе гола.

ЕВН го доби ЕЛЕМ во електричното дерби

Екипите на Глобко Логистик, Систина и ЕВН со победи го заокружија последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил ја сруши мрежата на ОНЕ

Во вториот ден од 15. коло во Бизнис лигата, победничките екипи беа расположени за голови, а славеа Лукоил, Монтенегро и Алкалоид.

Религијата во боксот

Меѓу останатите присутни во Лас Вегас на 2. мај за време на големата борба меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, своето име ќе го слушне и Бог, кого двајцата боксери често го повикуваат пред и после решавачките битки.

УНИКА преку Каштањева до победа над Еуролинк

Првиот ден од 15.коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го отворија Гранит, УНИКА и ТРАНСМЕТ.

Осврт на четиринаесеттото коло на Бизнис Лигата

Недела во која во целост се потврди неизвесноста и фактот дека во Бизнис Лигата на Македонија нема фаворити. Се играа натпревари во кои победникот го одлучуваа нијанси, а како и секое коло, така и ова ќе издвоиме индивидуалци кои беа заслужни за постигнатите резултати на своите екипи.

Ливерпул - Манчестер Јунајтед од 14:30 и Ел Класико вo 21:00

Спортската програма денес е во знакот на големите дерби средби на шпанскиот и англискиот фудбал. Покрај нив, на програмата се и нaтпревaрите од останатите европски лиги, како и финале на тенискиот мастер во Индијан Велс и ракометна ЛШ.

Македонија не успеа до посакуваниот бараж за ЕП

На третиот квалификациски меч за Европско првенство во Србија, моќниот шпански состав ја декласираше македонската футсал селекција со 7:1.

Македонија – Шпанија во 18:30 и РК Вардар – Висла Плок во 20:15

Од домашната спортска сцена на тв го имате третиот квалификациски меч на футсал селекцијата на Македонија и реванш осминафиналниот дуел на РК Вардар во Лига на шампиони. Останато е меѓународен фудбал и полуфинален тениски меч.

Петмина Типстери кои ќе добијат карти за Македонија – Шпанија

Третата и најтешка квалификациска пресметка на футсал селекцијата на Македонија, нашите репрезентативци ја играат утре во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30. За Типстерите повторно ќе има гратис влезници.

Панатинаикос – Реал Мадрид во 19:00 и ПСЖ - Лорент во 20:30

Петочно од спорт ќе може да гледаме три фудбалски натпревари и три кошаркарски меча од Евролигата.

Компанијата Џак за спортска опрема стигна и во Македонија

Отворањето на продавницата во Скопје е голем чекор кон нашето постојано усовршување и надградба како и тежнеење да бидеме чесен и поуздан партнер кој секогаш ги поддржува спортските манифестации и младината.

Македонија - Швајцарија од 19:00 и Интер - Волфсбург од 21:00

Денешниот четврток е доста богат со спортски настани. Македонската футсал репрезентација го игра вториот квалификациски дуел за ЕП 2016, има натпреври од Лига Европа, како и европска кошарка.

Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над СЦ Борис Трајковски

Во 14. коло од Бизнис лигата на Македонија екипата на УНИКА славеше тесен триумф над АрцелорМитал, а Алкалоид беше подобар од ОНЕ.

Петмината Типстери кои ќе ја бодрат македонската футсал репрезентација

Првиот пласман на Европско првенство, составот на Скендеровски ќе почне да го брка вечерва против Унгарија во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот. Првите петмина кои остварија најмногу профит од синоќешните две средби во ЛШ ќе добијат по 2 гратис влезници за мечот.

Македонија - Унгарија во 19:00 и Борусија – Јувентус во 20:45

Спортската среда минува во знакот на првиот квалификациски дуел на футсал репрезентацијата на Македонија, полуфинале од македонскиот куп и Лига на шампиони.

Гранит ја искористи слабата реализација на МЕПСО

Во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата, Монтенегро убедливо со 8:1 го совлада ЕЛЕМ, а ТРАНСМЕТ ја совлада Систина.

Во исклучително неизвесен натпревар ЕВН го совлада Шпаркасе

14. коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го отворија Еуролинк, Доминос Пица и екипата на ЕВН која славеше со пресврт.

Кои нокаути на Тајсон се за во филм?

Легендарниот боксер на својот Јутјуб канал постави видео со сите негови 43 нокаути во кариерата. На тој начин „Железниот“ сака публиката да му помогне да ги одбере најдобрите 10 нокаути, кои ќе се прикажат во документарниот филм „Приказната за Мајк Тајсон“. Целиот проект го спремаат Џејми Фокс и Мартин Скорцезе.