Леа го заврши Ајронмен за 14 и пол часа

Амбициите на Леана Таќи беа да успее да стигне до финишот на триатлонот Ајронмен на кој се пријавува за прв пат.

Македонската пејачка го заврши триатлонот, кој опфаќа: 3,8 км пливање, 180 км возење велосипед и 42 км трчање. По овој редослед, без пауза.

Леа во женска конкуренција во групата од 30 до 34 години заврши на 36 место од 46 натпреварувачки со време од 14 часа 32 минути и 39 секунди.

По етапи времето на Леа е:
- 3,8 километри пливање за 1 час 15 минути 34 секунди
- 180 километри велосипед за 7 часа 37 минути 18 секунди
- 42 километри трчање за 5 часа 21 минута 54 секунди
(детали)

На трката имаше вкупно 2.323 пријавени, а таа заврши на 1.708 позиција. Ова е првиот триатлон за нејзе, а претходно се има натпреварувано во Австрија, но на полу Ајронмен, кој е двојно покус.

Претставник од Македонија во машка конкуренција беше Томе Попчевалиев кој заврши со време од 12:51:26 и се најде на 1.327 место.

Времето на Томе по етапи е:

- 3,8 километри пливање за 1 час 11 минути 00 секунди
- 180 километри велосипед за 6 часа 10 минути 34 секунди
- 42 километри трчање за 5 часа 17 минути 31 секунда
(детали)

Првата Ајрон мен трка се одржала во 1978 година на островот Оаху на Пацификот и тогаш се појавиле само 15 натпреварувачи, но популарноста сега е огромна и се одржува во повеќе земји во светот.

Избор на седумте нумери на Леана го имате тука.

Пред комплетниот Ајронмен триатлон во Мајорка, на 20-ти септември се одржа полу Ајронмен триатлонот во Пула, на кој дисциплините се 1,9 км пливање, 90 км велосипед и 21 км трчање. Во Хрватска имавме четворица претставници, со следните резултати (од вкупно 1.720 натпреварувачи):

Ѓорѓиевски Данчо (детали)
- 878-мо место / 05:12:49

Анчевски Бојан (детали)
- 947-мо место / 05:16:41

Смилков Александар (детали)
- 1350-то место / 06:03:16

Лавдакопулос Павел (детали)
- 1455-то место / 06:47:37

28 септември 2015 - 18:34