Од 2 години живеел без татко, а од 16 останува без мајка. Во такви околности, Челичниот Мајк растел со уличните банди во Њујорк, но тоа не го спречило да стане еден од најуспешните боксери во историјата. Скандалите и инцидентите со поранешните сопруги кои допринесоа Тајсон да банкротира, во втор план ги ставија неговите феноменални борби.