Во драматична завршница Систина и ОНЕ.ВИП ги поделија бодовите

Во второто коло од Бисниз лигата на Македонија УНИКА славеше над Шпаркасе Банка, а Гранит минимално го совлада Адмирал.

Адмирал  (0-1) Гранит
 
Среќата на страната на Гранит во дуелот со Адмирал
Адмирал: /
Гранит: Пепи Мицев 16'
 
Иако првото полувреме заврши со 1:0 за екипата на Гранит, не можеме да кажеме дека се играше дефанзивен фудбал. Се играше отворен фудбал и на двете страни но без значителна реализација. Екипата на Адмирал немаше добра поврзаност во нападот што му овозможи на Гранит да постигне гол во контра-напад. Во второто полувреме по груб старт екипата на Гранит остана со играч помалку што Адмирал не успеа да го искористи. По што следеше игра со доста удари кон двата гола. Екипата на Гранит во 31' минута не успеа да реализира пенал. По што следуваше и исклучување кое Адмирал со играч плус повторно не успеа да го претвори во гол. И по сите случување резултатот од првото полувреме остана непроменет за конечни 1-0 за Гранит.
 
Систина 5-5(3-2) ОНЕ.ВИП
 
Во драматична завршница Систина и ОНЕ.ВИП ги поделија бодовите
Систина: Игор Ѓорѓиевски 4', 11' (p), Никола Трајковски 15', Бојан Саздовски 22', Александар Јаневски 38'
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 4' (p), Слободан Кекеновски 8', 39', Бобан Несторовски 22', Андреј Јовановски 34'
 
Натпреварот го отвори екипата на ОНЕ.ВИП кои преку пенал дојдоа до водство од 1-0. Но екипата на Систина буквално во следниот напад возврати израмнувајќи го резултатот по што се влезе во игра "гол за гол". Во ваквата игра екипата на Систина искористи повеќе од шансите па на полувремето отиде со минимална предност од 3-2. Во второто полувреме Систина преку Бојан Саздовски успеа резултатски да се одлепи но не за долго. ВИП.ОНЕ во своите редови го имаа Бобан Несторовски кој со евро гол на кој му се придружи голманот Андреј Јовановски со чиј гол се израмни на 4-4. На две минути пред самиот крај имаше исклучување на двете страни и играта продолжи со 3+1 формација која Систина преку Александар Јаневски ја искористи да дојде до водство кое Слободан Кекеновски го анулира за конечни 5-5. 
 
Шпаркасе Банка 3-6 (2-3) УНИКА
 
Уника во елемент против Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка: Деко Марков 32', Дарко Стојановски 1',  Виктор Бибоски 5'
УНИКА: Арбен Нухиу 9', 27', Ибиш Мисини 13', Арбен Бајрами 20', Љуљзим Каштањева 31', 34'
 
Целосната иницијатива на стартот од натпреварот помеѓу Шпаркасе и УНИКА ја имаше екипата на Шпаркасе која играше перфектно воигран напад кој вроди со плод и им овозможи да остварат предност од 2-0. Но некаде во средината на првото полувреме проработе УНИКА, заигра во вистинско светло која преку колективна игра не само што израмни туку и поведе со 2-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на УНИКА ја зеде целосно контролата врз натпреварот не давајќи му на Шпаркасе да се разигра со што си овозможи лесен напад преку кој дојде до победа од 3-6.
14 октомври 2015 - 10:29