На ултра модерната патека во Олимпискиот парк во Сочи, Хамилтон ја оствари 42. победа во кариерата со која се израмни со неговиот голем ривал Себастијан Фетел на третото место на вечната листа на победници.
Токму Себастијан Фетел попладнево заврши како втор, а трет заврши пилотот на Форс Индија, Серхио Перес. Иако денешната трка, Хамилтон ја стартуваше како втор, зад тимскиот колега Нико Розберг, Хамилтон во Русија ја докажа својата доминација во Формула 1 и направи нов голем чекор кон борбата за титулата.
Нико Розберг после неколку круга мораше да се паркира во боксот поради проблеми со болидот а веднаш потоа и ја напушти трката. На тој начин Хамилтон имаше чист пат пред себе, а единствено Фетел се обиде во неколку наврати да ја загрози лидерската позиција на Британецот.
Во 12. круг, Грожан имаше страшен судар во заштитната ограда во кој го уништи целиот болид. Сударот на Грожан беше идентичен како саботниот на Карло Саинс кој загуби контрола и удри во ѕидот покрај патеката. За среќа, Грожан излезе неповреден од болидот, а на патеката по вторпат се појави безбедносно возило.
На самиот старт на трката дојде до сериозен инцидент кога се судрија болидите на Хилкенберг и Ериксон. Возачот на Форс Индија се изврте на патеката, а младиот Ериксон немаше каде и се удри во болидот на Хилкенберг.
Следната трка од шампионатот на Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на САД, во Остин на 25. октомври.
Резултат на трката за ГН на Русија:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 1:37:11.024
2. Себастијан Фетел (Германија) Ферари +5.593
3. Серхио Перес (Мексико) Форс Индија + 28.918
4. Фелипе Маса (Бразил) Вилијамс +38.831
5. Кими Раиконен (Финска) Ферари +42.358
6. Данил Квјат (Русија) Ред Бул +47.566
7. Фелипе Наср (Бразил) Ѕаубер + 56.508
8. Пастор Малдонадо (Венецуела) Лотус + 1:01.088
9. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен +1:26.210
10. Фернандо Алонсо (Шпанија) Мекларен +1:26.210
11. Макс Ферстапен (Холандија) Торо Росо - 1:28.424
12. Валтери Ботас (Финска) Вилијамс + еден круг
13. Роберто Мерхи (Шпанија) Менор + еден круг
14. Вил Стивенс (Велика Британија) Менор + два круга
Трката не ја завршија:
Даниел Рикардо (Австралија) Ред Бул
Карлос Санис јуниор (Шпанија) Торо Росо
Роман Грожан (Франција) Лотус
Нико Розберг (Германија) Мерцедес
Нико Хилкенберг (Германија) Форс Индија
Маркус Ериксон (Шведска) Заубер
Генерален пласман на возачите:
1. Луис Хамилтон 302
2. Себастијан Фетел 236
3. Нико Розберг 229
4. Кими Раиконен 129
5. Валтери Ботас 111
6. Фелипе Маса 109
Генерален пласман на конструкторите:
1. Мерцедес 531
2. Ферари 365
3. Вилијамс 220
4. Ред Бул 147
5. Форс Индија 92
6. Лотус 64