Во еден од Мекдоналдс рестораните за брза храна во Анахајм во САД, вработената Марија Кариљо (50) се изненадила кога здогледала вреден предмет.
Вработената во Мек во Анахајм, Марија Кариљо сосема случајно ја нашла медалата. Како и секој ден, таа и тогаш на работа ги собрала и пакувала вреќите за смет. Но една кеса и била многу потешка од вообичаеното.
Решила да ѕирне и кога што да види внатре - олимписки медал.
„Бездомници живеат зад мојата работа навечер, па претпоставив да не е некој нивен предмет оставен од викендот.
Се шокирала кога видела златен медал со натпис “Games of the XXXII Olympiad Tokyo 2020“.
„Прва помисла што ми дојде беше: „Колку е убаво... Вистинска ли е?“
Потоа му се јавила на мажот кој работел во берберница во близина и тој од првин бил скептичен и рекол дека најверојатно е фејк медал. Во истиот момент во берберницата влегувал некој пријател на сопругот Ное, кој работел во полициска станица и кој им потврдил дека медалот е оригинален.
Набрзо двајцата пријавиле во полиција. Се смета дека медалот ѝ припаѓа на американската одбојкарка Џордин Пултер која беше дел од женската репрезентација на САД која го освои првото олимписко злато во историјата, на ЛОИ во Токио минатата година.
Пултер на 25 мај годинава во полиција пријавила дека златниот медал ѝ бил украден од нејзиното возило паркирано во гаража.
„Обично луѓето од љубопитност сакаат да го допрат, да го почуствуваат медалот, да видат како изгледа, па им го однесов на пријателите да го видат. На враќање го оставив во кола но не сум заклучила и некој ми го украл“.
Во финалето на женската одбојка во Токио 2021, САД го победи Бразил со 3-0 (25-21, 25-20, 25-14).